Недела на сите Светии

Седмица 1-ва по Педесетница


 bogorodica.k.dol.jpg

Сабота
Љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние кои ве колнат, правете им добро на  оние кои ве мразат и молете се за оние кои ве гонат (Мт.5,44). Без љубов нема никого во  светот: се сакаат родителите и роднините, добротворите  и покровителите. Но, љубовта кон родителите, роднините, патроните и добротворите  е природно  чувство, кое само по себе се изградува во срцето. Заради тоа  Господ и не му  придава вредност. Вистинската христијанска љубов се испробува  во односот  спрема  непријателите. Љубов спрема   другите не треба да  згасне од лесна или случајна непријатност, напаст, гонење, беда и лишувања кои со намера  ни се прават. Ние сме должни не само да ги благословуваме тие  луѓе, туку и да им правиме добро, молејќи се за нив.. Погледни  дали  кај тебе е такво  расположението спрема твоите непријатели. Според тоа суди дали е во тебе христијанската љубов, без која нема спасение?

 

Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА

Извор: СВЕТОСАВЉЕ

 

 Друго: bogorodica.k.dol.jpgОд Верскиот календар на МПЦ -Преподобен Теодор Осветен (29.05.2010)

 

Предговор

Недела на сите Светии

Седмица 1-ва по Педесетница