насадена во Новиот Свет (Америка) од Светиот Герман Аљаскински“ (Протопсалт Евгениј Роуз – идниот јеромонах Серафим Роуз).

 

Како што е спомнато претходно во текстот на блажениот Серафим Роуз, првиот Храм „Радост на сите ожалостени“ бил основан во 1927 година од страна на Преосветениот епископ Аполинариј и група верни чеда на Руската Задгранична Црква. Осветувањето и поставувањето на темелите, пак, на новиот Катедрален Храм, кој и денес величествено се возвишува во убавиот Сан Франциско, се случило во 1961 година, за време на Архиепископот Тихон. Сепак, главната изградба официјално започнала со доаѓањето на Архиепископот Јован Максимович – Светиот Јован Шангајски, во 1963 година.

    Esen.manastir1.jpg    Esen.manastir1.jpg
                                                                         

Не мали биле тешкотиите со кои светиот Владика се соочил трудејќи се да ја обедини својата разединета паства, онаква каква што му била предадена од Архиепископот Антониј, заменикот на повлечениот поради болест Архиепископ Тихон. Не мали биле страдањата што тој ги претрпел трудејќи се да го доизгради започнатиот Храм на Божјата Мајка, чија изградба  пред неговото доаѓање наполно замрела. Бивајќи оптужуван, навредуван и неколку пати дури и на суд одведуван од група заведени луѓе, меѓу кои и негови собраќа – архиереи, како и по Црковната ерархија потчинети на него свештеници, Светиот Јован наидувал на постојани препреки во остварувањето на своите две најголеми цели: воспоставување мир и единство меѓу својот народ и изградување на Катедралниот Храм. Сепак, тој сето тоа мирно го претрпувал и потполно и се препуштал на Светата Господова волја.
 А Бог Кој ги прославува сите Свои праведници, по сите овие жалости, го израдувал и праведниот Архиепископ Јован! Многумина од заведените кои претходно го навредувале и оскрбувале, спознавајќи ја вистината, се вратиле при него со покајнички солзи, а мирот и слогата меѓу народот се повеќе се зајакнувале. Се создале и услови за изградба на Храмот и конечно, во 1964 година, неговата надворешност била целосно завршена.

Торжествено било поставувањето и осветувањето на Крстовите кои ги красат петте куполи на Храмот!

Esen.manastir1.jpg

На овој свечен чин учествувале Високопреосветениот Митрополит Филарет – новопоставениот Првоиерарх на РПЗЦ (многу почитуван од Светиот Јован), Архиепископот Јован (Шангајски), епископот Сиетлски Нектариј и епископот Едментонски Сава. Главниот голем Крст тежел околу 400кг!

 Esen.manastir1.jpg


Митрополит Филарет

Првата Литургија во Новиот Катедрален Храм била отслужена во 1965 година.
Храмот бил живописан од архимандритот Кипријан од Манастирот Света Троица од Џорданвил, Њујорк.
Овој свет Храм има три Олтари. Главниот Олтар е посветен на иконата на Пресвета Богородица „Радост на сите ожалостени“.

Esen.manastir1.jpg


Инаку, денот на празнувањето на оваа икона (6 Ноември) е поврзан со едно чудо. Во 1648 година, Ефтимија, сестрата на Московскиот Патријарх Јоаким, страдала од страшна рана, која била толку голема што се гледала нејзината внатрешност. На 6 ноември Ефтимија се причестила со Светите Христови Тајни и со голема вера се помолила на Пресвета Богородица. Како одговор, таа чула глас кој и рекол да побара да се отслужи Молебен со Водосвет пред иконата „Радост на сите ожалостени“ која се наоѓала во Храмот Преображение во Москва. Иконата била донесена кај болната и по Молебенот таа добила целосно исцеление. Денот на тоа чудо постанал и ден на празнувањето на иконата на Божјата Мајка „Радост на сите ожалостени“.


Десниот Олтар е посветен на Светиот Николај – Мирликијски чудотворец, кој е длабоко почитуван од Рускиот народ.

 Esen.manastir1.jpg

 

(Продолжува)

 

Друго:


Храмот на св. Јован Шангајски – „РАДОСТ НА СИТЕ ОЖАЛОСТЕНИ“