prilep.sluzba.jpg

Во осмиот ден од месец ноември, Светата Христова Православна Црква го празнува споменот на Соборот на Светиот Архангел Михаил и на сите небесни Сили. Овој празник на ангелите е востановен во времето на светите патријарси Силвестер папа Римски и Александар патријарх Александриски во деветтиот месец после Март, зашто се смета дека во Март било создавањето на светот, а празникот е востановен токму во деветтиот месец после март во чест на деветте ангелски чинови, кои први беа створени. Тие чинови се следните: шестокрилните Серафими, многуоките Херувими и богоносни Престоли, Господства, Сили и Власти, Начала, Архангели и Ангели. Архистратигот на небесните воинства во она време пред времето, кога Деницата се возгордеа и сакаше созданието да се издигне повисоко од Семоќниот, Невидливиот, Неиспитливиот, Неискажливиот, Всемилостивиот и Всесилен Бог и Создател, кога заедно со дотогаш најсветлиот ангел, паднаа во најтемната темнина, во мракот на поднебесието и третина од небесните ангели,  во она време пред сите времиња со силен глас извика Светиот небесен Архистратиг Михаил: “Вонмем! Станем добре станем со страхом!”, што значи со страв, со будност, со премудрост “да внимаваме, зашто се случува нешто што е неприлично на нашата природа, противно на Бога нашиот Творец од Кого е С# и во Кого е с#, Кој с# создаде преку Словото Негово и Кој с# оживотвори и исполни со Својот благ и животворен Свет Дух. И во тој момент сите ангелски сили со еден глас ја запејаа ангелската песна: “Свјат, Свјат, Свјат Господ Бог Саваот исполн небо и земља слави твоеја!!”
Меѓу ангелите владее совршено едномислие, еднодушие, љубов и послушание кон Светата волја Божија. Секој народ има свој ангел пазител и секој христијанин има свој ангел чувар. Од Светото Писмо и Светото предание на Православната Црква  ги дознаваме имињата на седуммината началници на ангелските сили: Св. Михаил, што значи кој е како Бог или кој е еднаков на Бога, Св. Гавриил – маж Божји или крепост Божја, Св. Рафаил – исцеление Божјо или Бог исцелител, Св. Урил – оган или светлост Божја, Св.Салатил – молитвеник Божји, Св. Јегудил – славител на Бога, Свети Варахил – благослов Божји, Св. Јеремил – возвишение Божјо, кој се споменува како осми ( ИИИ Ездра 4, 36), се почитива како поттикнувач на возвишените помисли, кои човекот го издигнуваат кон Бога.
Светиот Архангел Михаил се смета за чувар на верата православна и борец против верските ереси, додека пак Св.арх. Гавриил е благовестител на тајните Божји, особено на тајната на Боговоплотувањето.

 prilep.sluzba.jpg

 Заради великиот ангелски празник, денес во Богомспасаемиот македонски град Прилеп, во древниот манастир на Св.Арх. Михаил, мноштво верни пристапија уште од предвечерието на празникот, за да оддадат достојна и молитвена почит на  Светиот началник на војската небесна, испросувајќи милост, благодат, мир, благослов и закрила од светите бестелесни ангели за спасение на нашиот род христијански и за спасение на нашите души. На Великата Вечерна учество зедоа протопсалтот и професор Гоце Секулоски, професорот по источно – црковно пеење при МПБ “Св.Климент Охридски” Зоран Димовски и учениците од Богословијата. Денес на самиот празник беше отслужена празнична Утрена богослужба и Света Литургија, која се отслужи од отците при манастирот Св. Преображение  - с. Зрзе, а повторно на певницата беа учениците од Богословијата и протопсалтот Гоце Секулоски.

prilep.sluzba7.jpg prilep.sluzba8.jpg



Манастирот Св. арх. Михаил е изграден во подножјето на Марковите Кули и датира како христијанско светилиште уште од ранохристијанкиот период. Разрушуван, изградуван и обновуван повеќе пати во нашата македонска историја, манастирот ја делел судбината на својот народ, а денес со малата света монашка обител го озарува благочестивиот народ со светлината на Богопознанието. За неговото значење може да се пишува многу и доколку христољубивите браќа и сестри кои го посетуваат ПРЕМИНПОРТАЛ изразат желба, ќе направиме посебна репортажа за овој древен манастир.

По молитвите  Светиот Архистратиг Михаил и на сите бестелесни сили небесни, Господи Иисусе Христе помилуј и спаси ги нашите души, Амин.

 prilep.sluzba.jpg

 prilep.sluzba.jpg

 prilep.sluzba.jpg

prilep.sluzba7.jpg prilep.sluzba8.jpg

 За ПреминПортал, од Прилеп,

известува: Г.С.

Посети: {moshits}