Golema.molitva2.jpg

 Со навршувањето на четриесеттиот  ден  од раѓањето на малиот Марко,  неговата мајка Славица, го донесе во храмот на свети Јован Крстител во Скопје на Голема молитва  да побара  благослов од Бога за својата рожба.

отец . Михаил Таневски:
„ Точно на четриессетиот ден од раѓањето, мајката ја донесува рожбата во храмот да ја претстави пред Господа. Во молитвата, свештеникот се моли да се очисти мајката телесно и духовно и повторно да може да пристапи кон светото причестување. Овој пример ни го оставила уште Мајката Божја, донесувајќи го Спаителот наш, Господ Исус Христос на четриесеттиот ден во храмот кај праведниот Симеон Богопримец, и воедно е востановен празникот Сретение Господово.“

Golema.molitva1.jpg

Молитва за мајката

Господи Боже наш, кој си дошол за спасение на човечкиот род, дојди и на твојата рабина (името) и преку Твоето чесно свештенство удостој ја да влезе во храмот на Твојата слава, измиј ја нејзината телесна и духовна нечистотија со навршувањето на четриесетте дни и направи ја достојна да се причести со Твоето чесно Тело и Крв.

Возглас;

Зашто се освети и прослави Твоето пречесно и  и великолепно име  на Оца и Сина и Светиот Дух, сега секогаш и во вечни векови. Амин 

Golema.molitva.jpg

Молитва за детето

Golema.molitva3.jpg

Свештеникот го благословува детето и вели:

Да се помолиме на Господ.

Господи, помилуј.

Господе Исусе Христе Боже наш кој во четриесеттиот ден како Младенец  си бил донесен во старозаветниот храм од Марија, Твојата света мајка која не искусила брак, и си бил носен во прегратките на праведниот Симеон, сам Ти Владико сесилен, благослови го ова детенце.

+++

 

Golema.molitva4.jpg


Golema.molitva5.jpg

Golema.molitva6.jpg

Друго:

Календар за февруари 2008г. (избор)

Посети:{moshits}