Евангелие и поука за 04/05/2024

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 28:1-20

1. Кога измина саботата, на осамнување во првиот ден на седмицата, дојдоа Марија Магдалина и другата Марија да го видат гробот.
2. И ете, стана голем потрес: ангел Господов слезе од небото, пристапи, го отстрани каменот од гробната врата и седна на него;
3. лицето му беше како молња, а алиштата – бели како снег;
4. а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви.
5. Ангелот се обрна кон жените и им рече: „Не бојте се; знам дека Го барате Исуса распнатиот;
6. не е овде, воскресна, како што беше рекол; дојдете и видете го местото, каде што лежел Господ,
7. па отидете бргу и кажете им на учениците Негови, дека Он воскресна од мртвите. И ете, ќе отиде пред вас во Галилеја; таму ќе Го видите. Ете, ви кажав.”
8. И како излегоа брзо од гробот, тие со страв и голема радост отрчаа да им соопштат на учениците Негови.
9. Кога одеа да им јават на Неговите ученици, Исус ги пресретна и рече: „Радувајте се!” А тие се приближија, ги опфатија нозете Негови и Му се поклонија.
10. Тогаш Исус им кажа: „Не бојте се; одете и соопштете им на браќата Мои, да отидат во Галилеја, и таму ќе Ме видат.”
11. Кога одеа тие, ете, некои од стражарите, влегувајќи в град, им кажаа на првосвештениците за сето она што беше станало.
12. И тие, кога се собраа со старешините и направија совет, им дадоа многу пари на војниците,
13. велејќи: „Кажете, дека учениците Негови дојдоа и Го украдоа, кога ние спиевме;
14. и, ако за тоа чуе управникот, ние ќе го смириме и ќе направиме и вам ништо да не ви се случи.”
15. А тие ги зедоа парите и направија, како што беа научени. И тој глас се пренесува меѓу Јудејците и до денес.
16. А единаесетте ученици отидоа во Галилеја, во гората, каде што им беше заповедал Исус;
17. па, штом Го видоа, Му се поклонија; а некои се сомневаа.
18. А Исус, кога се приближи, проговори и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата.
19. Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух,
20. и учејќи ги да пазат сe што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот. Амин!”

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Римјаните 6:3-11

3. Зар не знаете дека сите ние што се крстивме во Исуса Христа, во Неговата смрт се крстивме.
4. И така, ние се погребавме со Него преку крштавањето во смртта, та, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, така и ние да одиме во обновен живот.
5. Зашто, ако сме сраснати со Него во еднаква смрт, ќе бидеме соучесници и во воскресението;
6. знаејќи дека нашиот стар човек е распнат со Него, за да биде уништено гревовното тело, па да не бидеме веќе робови на гревот;
7. бидејќи, кој умрел, тој се ослободил од гревот.
8. А ако сме умреле со Христа, веруваме дека со Него и ќе живееме,
9. знаејќи оти Христос, откако воскресна од мртвите, нема веќе да умира: смртта нема веќе власт над Него.
10. Зашто ако умре Он, умрел еднаш за гревот, а што живее, за Бога живее.
11. Па така и вие сметајте се мртви за гревот, и живи за Бога во Христа Исуса, нашиот Господ.

Поука на денот: Свети Никола Кавасила
Крштението е благодат на повторното раѓање на човекот со негово учество во смртта и Воскресението на Господа, тајна на создавањето на новото битие во Христа. Миропомазанието е благодат на полнотата на животот во Христа со печатот на Духот Свет, тајна на дејствувањето и активноста на битието во Христа. Тоа е дар на восовршување и светост, кој му се дава на оној што се крштева во Светиот Дух и во богатството на даровите на Светиот Дух: „Се крштеваме за смртта да ја умртвиме и со воскресение да воскреснеме; се миропомазуваме за да се родиме како заедничари на даровите на царското обожение