“Сака ли некој епископство,

тој сака добра работа”(1.Тим.3,1)


 
По Божја промисла,  пред три години, а во чест на Соборот на сите македонски светители, во древната катедрална црква Света Софија во Охрид, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со сите архиереи на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, и во присуство на многубројно свештенство и верен народ, изврши хиротонија во епископски чин на новоизбраниот Епископ Полјански, денес Митрополи Европски  г. Пимен.
  
 
 

 

„...Ви благодарам вам што од разни страни притекнавте со различноста на вашите личности во возраст, пол, евокација, националност, да го збогатите овој собор. Ви благодарам затоа што гледајќи ве, уште еднаш ми се потврдува вистината дека епископството треба да се подразбира онака како што го подразбирал и Светиот апостол Павле кога рекол: секому бев сè та некако да го придобијам. Токму овие зборови на Светиот апостол ми го даваа оној елан сиве овие години да се трудам и овие зборови во дело да ги спроведам. Верувам дека плод на тоа е и оваа доверба што ми ја дава Светиот Архиерејски Синод на МПЦ, а и вашата доверба што денес ја потврдивте со вашето присуство тука. Ви благодарам Вам, браќа архиереи, за дадената доверба и јас да се причислам кон Вас, нашите архипастири.
На мојот духовен отец митрополитот Наум, а од утре и сотрудник на нивата Христова, затоа што духовно ме роди, благодарност и ветување дека нашата взаемна доверба и соработка ќе продолжат и ќе дадат плод на почвата на МПЦ, затоа што таа почва е натопена со крвта на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици по чии молитви го добивме и негуваме дарот на соборноста.
Благодарност до Вас, Ваше Блаженство, под чие будно око духовно растевме сиве овие години и затоа што најдовме место во вашата визија за посовршен пастирски развој на нашата помесна Црква и во нејзиниот вонреден удел во јакнењето на единството на севкупното Православие.
Прошка од вас мои најблиски, на кои со моето заминување во манастир ви нанесов болка. Болка и тага, кои со време знам дека се претворија во радост. Ништо не е случајно во Бога. Бог одредил на тој начин и вие да се восовршувате во растот Христов. Затоа денес сите заедно, со нас архиереите, свештенството, во Христа ѓаконството и целиот овој верен народ, од благодарност за сè, да му вознесеме Нему слава, чест и поклонение, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега, секогаш и во сите векови. Амин.“ ( 02. 10. 2005 г.)

 Господ Исус Христос, по молитвите на св. Пимен Велики, Соборот на сите македонски светители , по молитвите на светите Климент и Наум,  светите маченици Трофим, Саватиј и Доримедонт и  светиот маченик Зосим Пустиник, чиј спомен денес го празнуваме, нека Ви дарува уште многу години архиерејско служење во нашата света Црква.

На многаја лета, Високопреосветен владико!

 

 

Друго:

Наречение на новоизбраниот Епископ Полјански г. Пимен (01.10.2005)

Посети: {moshits}