СРЕДБА СО ОТЕЦ ПИМЕН

 Pimen.Saem.promo

Ве покануваме на книжевната средба со отец Пимен којашто ќе се оствари на 8.5.2023 година, од 17:00 до 19:00 часот, на штандот на МПЦ – ОА, во Арената „Борис Трајковски“ – Скопје.

На средбата ќе биде претставена новата книга на отецот – „Пост и параклис“, а, воедно, за секој купувач на истата ќе следува и посвета од авторот.


Ве очекуваме!
MPC-OA

Korica.Post.i.paraklis 

 „Во оваа книга којашто претставува еден вид дневник на своето "четириесетдневно посно патешествие", испреплетено со разни предизвици, искушенија, подвизи, радости и таги, отец Пимен, како и во претходните свои изданија, на еден искрен и лаконски начин, го прикажува евангелскиот крик на сопствената душа – воздивот кон Бога и кон отуѓениот современ човек.
Ги покануваме сите вљубеници во пишаниот збор на отец Пимен да го посетат штандот на МПЦ – ОА за заедно со него да се возрадуваме на уште еден плод од духовната ризница на православното богословие.“-Д.Б.

04.05.2023 лето Господово

Друго:

 

A.Dario8

       Александра Јуруковска ЗА ЛИЧНИОТ И ЛИЧНОСНИОТ ПРЕМИН

 „Преку книгата Пост и параклис, читателот може да ѕирне во секојдневието на монахот во време на Великиот пост. Со самото тоа се прави една демистификација на сфаќањето на монахот дека е тоа човек кој е разочаран од животот и себично бега од светот за да се скрие од искушенијата. Напротив, ќе открие во личноста на монахот храбар борец против страстите испреплетена со молитви и љубов кон целото човештво.
Можеби своевремено и книгите на нашите преродбеници низ вековите не биле сметани за дела од национален интерес, но денес и тоа како се своевидни споменици на нашата писменост. Да не заборавиме дека и самите преродбеници биле монаси кои пишувале од личен опит.
Оваа книга исто така е пишувана од личен опит и ја промовира љубовта кон Бога и ближниот, но и љубовта кон целиот свет. Ја отфрла формата која Верата во Бога ја искривува до непривлечност и самата вера ја враќа кон суштината.
Преку тоа се зачувуваат корените и плодовите од делата на нашите Свети Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридските, Теодосиј, Пејчиновиќ, Крчовски и плејада други основоположници и надградители на нашата вера, култура, писменост, традиција.“