3.angeli.so.truba

Прославен споменот на св. вмч. Пантелејмон во с. Пантелеј- Кочанско

Браќа, нeка Христoс, вoскрeснатиoт и жив Гoспoд, сe всeли сo вeрата вo вашитe срца и тиe ќe бидат напoлнeти и прeпoлнeти. (Eфeс. 3:17).


3.angeli.so.truba

Во манастирот на светиот Пантелејмон на вечерната богослужба во чест и слава на св. Пантелејмон и закрилникот на нашата македонска црква св. Архиепископ Климент Охридски, чиноначалствуваше Неговото  Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение со свештеници од  Богодаруваната му епрархијата.

3.angeli.so.truba
 А утрото Древните ѕидови на соборниот храм во овој манастир, беа сведоци на уште едно торжествено собитие од животот на нашата Црква на Света Архиерејска Литургија  во свештенички чин  го ракоположи ѓакон Димитар Арсовски од Кочани.

За неизмерна радост на верните,  беа изнесени и моштите на светиот Пантелејмон, лекар.


3.angeli.so.truba

Зошто светата Црква ги прославува светителите, зошто го прославува и св. Климента? Заради неговите чуда ли? Не! Заради неговите подвизи и исцеленија? Не! Заради неговото испосништво и бдеење? Не! Ние го прославуваме затоа што тој навистина Го љубел Бога. А сите негови подвизи и дела биле плод на таа љубов, зашто без неа се друго не би имало значење. Ние што сме присутни на ова прославување не можеме да правиме чуда какви што правел светителов, ниту да ги извршуваме неговите подвизи и да исцелуваме болни или, пак, да го повториме целото негово дело, но можеме да Го љубиме Бога над се друго и во тоа да го подражаваме светителот Климент. Сите други дела зависат од таа љубов.

3.angeli.so.truba

„Нека Господ Семилостивиот, по молитвите на Св. Климент Охридскиот, чудотворец, го чува нашиот охридски трон од погибел, нека го чува нашиот православен народ и нашата Македонија.
Нека е на многаја лета!“

 

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 

 За Преминпортал: Дејан Блажески

 

 Друго: