3.angeli.so.truba

Скопје, 7ми август 2020 г.- храм на св.пророк Илија,н.Аеродром

(8 недела по Педесетница)

Свето евангелие според светиот апостол Матеј 21:12-14;21:17-20

 3.angeli.so.truba

На 7ти август 2020 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

Света Ана; Света Олимпијада, ѓакониса; Преподобната девица Евпраксија;

 3.angeli.so.truba

На 7ми август 2020 година, на празникот на  Света Ана; Света Олимпијада, ѓакониса; Преподобната девица Евпраксија; ,во храмот на св.пророк Илија,во скопската населба Аеродром, старешината на храмот протоереј Зоран Стаменковиќ  во сослужение на ѓаконот Александар Брајановски отслужи Божествена Литургија. Верениот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа. И денес (како и секоја седмица) се направи Мал петочен водосвет.

 3.angeli.so.truba

  ФОТО ГАЛЕРИЈА

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

3.angeli.so.truba

 Поука на денот: Свети Силуан Атонски


Како што јадеме леб и пиеме вода секој ден, и живото тело секогаш повторно сака да јаде и да пие, така и душата не се заморува од постојаното благодарење на Бога, но уште повеќе сака да мисли на Него. Исто така, колку повеќе дрва ставаме во огнот, толку повеќе тој се разгорува. Така е и со Бога. Колку повеќе мислиш на Него, толку повеќе се разгорува љубовта и ревноста спрема Него.

 

 

 

 

Мал петочен водосвет:

„За да се освети оваа вода со силата, дејството и слегувањето на Светиот Дух...“

 

 

Преминпортал (к.т.)

Друго:

 

Што е тоа водосвет?

3.angeli.so.truba

Современ светител, кој бил лекар-хирург, професор на медицина и епископ во Крим, имајќи искуство во телесната и во духовната медицина, ни препорачува: „Пијте почесто света вода. Таа е најефикасен лек. Не ви го велам ова само како свештеник, туку и како лекар. Од моето долгогодишно искуство во медицината“ (Свети Лука Кримски +1961 год.).“

3.angeli.so.truba

Света вода - во што е нејзината сила?

 7ти август 2020 лето Господово

 

3.angeli.so.truba