3.angeli.so.truba

Скопје,3ти јули 2020 година- храм на св.вмч. Димитриј

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

Апостол на празник: Послание на светиот апостол Павле до Галатјаните 5:22-26;6:1-2

22.     А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата,
23.     кротоста, воздржливоста. Против такви нема закон.
24.     Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите.
25.     Ако живееме со Дух, по Духот сме должни и да постапуваме.
26.     Да не бараме лажна слава, еден друг да не предизвикуваме, еден на друг да не завидуваме.
1.     Браќа, и да падне човек во некаков грев, вие духовните поправајте го таков со духот на кротоста, пазејќи се и вие да не бидете искушани.
2.     Поднесувајте ги тешкотиите еден на друг, и исполнувајте го така законот Христов.

 3.angeli.so.truba

Во третата недела по Педесетница, кога Македонската Православна црква- Охридска архиепископија молитвено го празнува споменот на 
† Преп. Наум Охридски – Чудотворец; св. свш-мч. Методиј Патарски, во храмот на св.вмч.Димитрија каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот Дух,  свештеникот Жарко Ѓорѓиевски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата, и во овој петок,  се изврши чинот на Мал водосвет.

 

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски


Човековото спасение зависи од молитвата, бидејќи тоа е она што приближува и соединува кон Бог. Кога човекот се наоѓа во близина Божја, наполно природно е да не скршнува од етичкиот пат, зашто вложува внимание во секој свој чекор. И покрај сето наше внимание, ѓаволот не престанува да нe сопнува, зашто сака да нe изненади во миг на слабост и да нe одвлечка на својот пат, кој секогаш води вртоглаво надолу. Од таа причина, драги мои чеда, од нас нужно се бара постојано да се вооружуваме со непрестајната молитва на нашиот најсладок Исус.

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 Преминпортал (к.т.)

Друго:

 

Божествена Литургија во храмот на св. вмч. Димитриј, Скопје (31.03.2019)

Божествена Литургија во храмот на св. вмч. Димитриј, Скопје (10.03.2019)

Божествена Литургија во храмот на св. вмч. Димитриј, Скопје (01.08.2014)