3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 Скопје,16ти јуни 2020 г.- Соборен храм Свети Климент Охридски

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

На 16ти јуни 2020 година, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, во Скопје, по Вечерната богослужба,отец Игор Калпаковски   во сослужение на о.Зоран Копчаревски , отслужи  Акатистот кон преподобниот Јоаникиј Ракотински. Притоа, како и секоја недела и на секој празник, кивотот со моштите на светиот Јоаникиј беше отворен за поклонување од страна на верните.

Свети Јоаникие, моли Го Бога за нас!

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 Кондак 6

Како блескаво злато низ оган трипати прочистено, Бог сака-ше да ја покаже твојата света душа. Па затоа кон нови стра-дања те приведе и на тешки маки те предаде. И во Марковиот манастир  злобните  Агарјани  не  те  одминаа  и  твојата  светост  не ја поштедија. Бидејќи во твојот лик водач духовен видоа, од твојата беда богатство бараа. А ти, понизен останувајќи, тивко Бога Го славеше: Алилуја!

Икос 6

Одминувајќи ја повторно злобата агарјанска, со молитва за вечен  спокој,  манастирот  го  напушти  и  на  Божјата  промисла се препушти. Бог, гледајќи колку твоето срце кон спокој копнее и твојата душа за пустина духовна жеднее, кон крајот на голготата те доведе и во мирното Ракотинци те испрати. А ние, гледајќи колку Бог ја возљубил твојата смирена душа, Јоаникие, ти пееме вака: Радувај се, на совршената љубов проповеднику!

Радувај се, на вечниот спокој велегласнику!

Радувај се, извору на исцеленија!

Радувај се, бисеру на Божјата светлина!

Радувај се, ѕвездо на незаодниот Исток!

Радувај се, изгонителу на бесовската темнина!

Радувај се, радост на прогонетите!

Радувај се, надеж на обесхрабрените!

Радувај се, брз помошнику на верните!

Радувај се, нов учителу на монасите!

Радувај се, преподобен отче Јоаникие, ракотински чудотворче!

 

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 

Друго:

Друго:

По милоста Божја и со содејство на
Предвечната и Единосуштна Троица,
овој акатист се состави и заврши на 27 јули 2017
во денот на светиот Сампсон Странопримец,
во најсветиот град Охрид.


 http://preminportal.com.mk/pdf/Akatist_na_prepodoben_Joanikij_Raotinski.pdf

 

 Акатист на преподобниот отец наш Јоаникиј Ракотински (.PDF)

Издава:Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА

Акатист кон преп. Јоаникиј Ракотински, Соборен храм, Скопје (22.05.2018) ...

Друго:

Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и македонски г.г Стефан, во соборната црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје, секој вторник по Вечерната богослужба, која започнува во 17:00 ч., ќе се чита Акатистот кон преподобниот Јоаникиј Ракотински. Притоа, како и секоја недела и на секој празник, кивотот со моштите на светиот Јоаникиј ќе биде отворен за поклонување од страна на верните.

Свети Јоаникие, моли Го Бога за нас!

Со љубов во Христа,
Скопска православна епархија

 ПреминПортал (к.т.)