3.angeli.so.truba

Скопје,26.04.2020 г.- храм на св.вмч. Димитриј

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

Свето евангелие според светиот апостол Јован 20:19-31

19.     А вечерта во истиот ден, првиот ден од седмицата, кога вратата, каде што беа учениците Негови собрани, беше затворена поради страв од Јудејците, дојде Исус, застана насреде и им рече: „Мир вам!”
20.     И ова како го рече, им ги покажа рацете и нозете и ребрата Свои. Се зарадуваа тогаш учениците, штом Го видоа Господа.
21.     А Исус пак им рече: „Мир вам! Како што Ме прати Отецот, така и Јас ве праќам.”
22.     И кога им го кажа ова, дувна и им рече: „Примете Дух Свети!
23.     На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.”
24.     А Тома, еден од дванаесетте, наречен Близнак, не беше со нив, кога дојде Исус.
25.     Другите ученици му рекоа: „Го видовме Господа.” А тој им рече: „Дури не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам.”
26.     А по осум дена учениците Негови пак беа собрани, и Тома со нив. Дојде Исус, кога вратата беше заклучена, застана помеѓу нив и рече: „Мир вам!”
27.     Потоа му рече на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!”
28.     Одговори Тома и му рече: „Господ мој и Бог мој!”
29.     Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти Ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале!”
30.     И многу други чудеса изврши Исус пред учениците Свои, што не се запишани во оваа книга.
31.     А овие се запишани, за да поверувате дека Исус е Христос, Син Божји, и верувајќи да имате живот во Неговото име.

 3.angeli.so.truba

 На 26ти април  2020 година, во втората недела на Воскресение (Томина недела), кога Светата Црква молитвено го празнуваше споменот на Светиот свештеномаченик АртемонСветата маченичка Томаида, во храмот на св.вмч. Димитриј, во Скопје, каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот Дух,  отец Томе Атанасовски отслужи Божествена Литургија.

И во оваа недела  цела Македонија е во карантин поради   коронавирусот наречен Ковид-19, а  во многу голем дел во храмовите на МПЦ-ОА  постојани молитви кон Бог упатува нејзиниот клир за надминување на болеста како кај нас така и во целиот свет.

Господ да не помилува и спаси.

Христос Воскресе!

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba


Христос се молеше за оние коишто Го распнуваа: “Оче, не им го земај ова за грев, тие не знаат што прават”. Архиѓаконот Стефан се молеше за оние што го засипуваа со камења, за Господ да не им го земе тоа за грев. И ние, ако сакаме да ја сочуваме благодатта, должни сме да се молиме за непријателите. Ако ти не го сожалуваш грешникот, којшто ќе се мачи во оганот, значи дека во тебе ја нема благодатта на Светиот Дух, туку во тебе живее зол дух. И додека си уште жив, труди се да се ослободиш од него со покајание.

Свети Силуан Атонски

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

  3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

Друго:

 3.angeli.so.truba

Преминпортал (к.т.)