3.angeli.so.truba

Скопје, 13ти април 2020. година - храм на св.вмч. Димитриј

 3.angeli.so.truba

 ВЕЛИКА ИЛИ СТРАСНА СЕДМИЦА
СВЕТИОТ И ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК

Светиот свештеномаченик Ипатиј, епископ Гангрски;

Свети Јона, митрополит Московски

 Свето евангелие според светиот апостол Матеј 24:3-35

 

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

Христос се молеше за оние коишто Го распнуваа: “Оче, не им го земај ова за грев, тие не знаат што прават”. Архиѓаконот Стефан се молеше за оние што го засипуваа со камења, за Господ да не им го земе тоа за грев. И ние, ако сакаме да ја сочуваме благодатта, должни сме да се молиме за непријателите. Ако ти не го сожалуваш грешникот, којшто ќе се мачи во оганот, значи дека во тебе ја нема благодатта на Светиот Дух, туку во тебе живее зол дух. И додека си уште жив, труди се да се ослободиш од него со покајание.- Свети Силуан Атонски

 3.angeli.so.truba

   3.angeli.so.truba

 Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 24:3-35

3.     И кога седеше во Елеонската Гора, дојдоа при Него учениците Негови насамо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе виде знакот за Твоето доаѓање и за свршетокот на светот?”
4.     А Исус им одговори и рече: „Пазете се, да не ве излаже некој;
5.     зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: »Јас сум Христос!« и ќе прелажат мнозина.
6.     Ќе слушате боеви и гласови за војни. Гледајте да не се уплашите, оти сето тоа треба да биде; ама тоа уште не е крајот.
7.     Зашто ќе се дигне народ против народ, и царство против царство; и на места ќе има глад, помор и потреси;
8.     а сето тоа е почеток на болките.
9.     Тогаш ќе ве предадат на маки и ќе ве убијат; и ќе бидете мразени од сите народи, заради Моето име.
10.     Тогаш мнозина ќе се соблазнат и еден со друг ќе се предаваат, и еден со друг ќе се мразат;
11.     многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина;
12.     и бидејќи беззаконијата ќе се умножат, кај мнозина љубовта ќе се олади.
13.     А кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен. (Извадок)

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

На 13ти април 2020 година,во  ВЕЛИКА ИЛИ СТРАСНА СЕДМИЦА СВЕТИОТ И ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК кога Македонската Православна црква- Охридска архиепископија молитвено го празнува споменот на Светиот свештеномаченик Ипатиј, епископ Гангрски; во храмот на св.вмч.Димитрија каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот Дух,  свештеникот Жарко Ѓорѓиевски отслужи Литургија на Претходноосветени дарови. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 (Преминпортал к.т.)