Куманово,15ти март 2020г.- Соборен храм на свети Никола
Недела на свети Григориј Палама
На 15ти март 2020 година, во втората недела од Великиот Пост ( Недела на свети Григориј Палама), кога МПЦ-ОА молитвено го прославуваше споменот на св. свш-мч. Теодот еп. Киринејски; преп. Агатон Египетски, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф отслужи Света Василиева Литургија во Соборен храм на свети Никола во Куманово.На Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
5. А Исус, кога ја виде верата нивна, му рече на фатениот: „Синко, ти се опростуваат гревовите твои!” 6. Таму седеа некои од книжниците и си помислија во срцата свои: 7. Што хули Овој на Бога? Кој друг може да опростува гревови, освен единиот Бог? 8. Исус веднаш, штом узна со Својот дух, дека тие така мислат во себе, им рече: „Зошто го помислувате тоа во срцата свои? 9. Што е полесно да му кажам на фатениот: ти се простуваат гревовите ли да речам: дигни се, земи ја постелката своја и оди? 10. Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да ги простува гревовите” – му рече на фатениот - 11. Тебе ти велам: стани, земи ја постелката своја и оди си дома! 12. И тој стана веднаш, па, штом ја зеде својата постелка, се појави пред сите – така што сите се восхитуваа и Го славеа Бога, велејќи: „Никогаш вакво чудо не сме виделе!” (Извадок- Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 2:1-12)
Поука на денот: Свети Григориј Палама
Светилнику на Православието, тврдино на Црквата и учителу! Убавино на монасите, непобедлив поборнику на богословите! Чудотворче Григорие, славо Светогорска, и проповеднику на благодатта, моли Го Бога непрестајно да ги спаси душите наши.