3.angeli.so.truba

с. Љубанци, 15.02.2020 - манастир на св. Никола

 3.angeli.so.truba

 

На 15-ти февруари  2020 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

Сретение на Господ Исус Христос

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 На 15-ти февруари 2020 година,во Неделата на митарот и фарисејот, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на Сретение на Господ Исус Христос, во манастирот на св.Никола во скопското село Љубанци, ѕсвештеникот Аговски Звонко отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

[youtube height="450" width="750" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=yln-EjJat0Q[/youtube]

 

3.angeli.so.truba

  3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

  Поука на денот: Старец Ефрем Катунакиски
Она што прво ни го носи молитвата е радоста. Мислиш дека си царско дете. Потоа, се богатиш во солзите. Сакаш да го прегрнеш целиот свет. И она што е со душа и она што е без душа. Сите луѓе ги гледаш како ангели. Впрочем, Апостол Павле кажува кои се плодовите на Духот: љубов, радост, мир, широкоградост, благост, добродушност, вера, кротост, воздржание (Галат. 5, 2).

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

  3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

Друго:

3.angeli.so.truba

СРЕТЕНИЕ ГОСПОДОВО

По 40 дена од Неговото раѓање, Христос, согласно на Мојсиевиот Закон, бил донесен во Ерусалимскиот храм. Со тоа, Неговата Мајка го извршила обредот на очистување и жртвопринесување. Затоа и ние, по 40 дена по Рождеството (2/15 фебруари) во Црквата го празнуваме Сретение (то ест средбата Господова).
Средбата на Доенчето Христос со старецот Симеон и пророчицата Ана (Лк. 2, 22-36), е главен настан на овој празник. На Симеон му било претскажано од Светиот Дух, дека тој нема да ја види смртта, додека не го види Господа Христа, и инспириран со Духот тој дошол во Храмот, каде што го сретнал новородениот Месија, Го зел в раце и ги произнесол зборовите кои до ден денес ние ги пееме во крајот на секоја Вечерна:

Сега го отпушташ во мир Својот слуга, Владико, според Своите зборови; зашто моите очи го видоа Твоето спасение, што си го приготвил пред лицето на сите луѓе. Светлина за да ги просветува незнабошците, и слава на Својот народ, Израилот (Лк. 2, 29-32).

Св. Симеон исто така претскажал дека Исус ќе биде знак на противење. и за паѓање и подигнување на многумина во Израилот и дека Мајката Божја ќе пострада поради својот Син. Пророчката Ана присуствувала на сето тоа и пријдувајќи, го славела Господа и зборувала за Него на сите кои го очекувале избавувањето во Ерусалим.
Во богослужењето на празникот се нагласува, дека Христос, Синот и Словото Божјо, од Кого е создаден сиот свет, сега, како доенче, лежи на рацете на старецот; Тој, кој го дал Законот, сега Самиот го исполнува како дете човечко.

Прими го Симеоне, Оној кој што постана младенец, кого Мојсеј во мракот, како давател на законот однапред го видел, а сега се покорува на законот. Тој е Оној преку кого законот говореше. Тој е Оној којшто е проречен преку пророците: да му се поклониме на Тој кој што поради нас се овоплоти и го спаси човекот.
Нека се отворат денес небеските врати, зашто беспочетната Реч Божја, се овоплотува во времето не отстапувајќи од своето божество: како четриесеттодневен младенец од мајка Дева доброволно се донесува во законитата црква, и примајќи го в раце старецот замоли Господарот да го отпушти слугата, зашто очите негови го видоа Твоето спасение: Доаѓајќи во светот за да го спасиш човечкиот род, Господи, слава Ти (стихири на празничната Вечерна).

Вечерната и Утрената на празникот изобилуваат со песнопеења на истата тема. Во Божествената Литургија од строфите од Богородичниот акатист се образуваат прокимени, а зборовите на старецот Симеон се стихови при пеењето на Алилуја. Евангелските читања раскажуваат за Сретението, старозаветните читања на Вечерната ни напоменуваат за Законот за очистување од книгата на Левитите, за видувањето на Трисветиот Господ во Храмот од страна на пророкот Исаија, и за дарувањето на верата на Египјаните, предскажано од истиот пророк, кога прорече дека кога светлината Господова ќе ги просвети незнабошците (Лк. 2, 32).
Инспирани и водени од Светиот Дух, како и св. Симеон Богопримец, верниците, исто така, можат да го имаат своето сопствено сретение со Господа и да сведочат дека и нив Господ може да ги отпушти бидејќи нивните очи го виделе Божјото спасение во Лицето на Христа.

Радувај се, благодатна Богородице Дево, зашто од Тебе изгреа Сонцето на правдата - Христос нашиот Бог, Кој ги просвети оние што беа во мракот. Весели се и ти, старче праведен, зашто си Го примил во прегратките Ослободителот на нашите души, Кој ни дарува воскресение (тропар).
Девствената утроба си ја осветил со своето раѓање, и рацете на Симеон си ги благословил, како што доликуваше: си не претекнал и сега си не спасил Христе Боже: дај им мир на луѓето во војна и укрепи ги православните христијани што си ги возљубил, зашто си единствен Човекољубец (кондак).-Томас Хопко - СРЕТЕНИЕ ГОСПОДОВО

 3.angeli.so.truba

 Издавач: КАНЕО

при Дебарско- кичевска епархија - Охрид

Друго:

 

 Преминпортал (к.т.)