Божествена Литургија во Љубљана, Словенија (26.01.2020 19:07)



Во неделата по Богојавление, кога Црквата го празнува споменот на преподобен Максим Кавсокаливит, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение на викарниот Епископ г. Јаков Стобиски, отслужи Божествена Литургија во црквата „Свети Климент Охридски“, во Љубљана, Словенија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беше осветен новиот параклис и крстилница при црквата „Свети Климент Охридски“.

 

  

 

 Извор. МПЦ-ОА