Bdenie.sv.Ignatij


На 2 јануари 2020година  во храм Света Троица-  Охрид излеана благодат од молитвите на молитвите на  Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец

Радувај се отче Игнатије богоносецу и чудотворче.
И пак ќе речам радувај се бидејќи ни благоухаше за да предвкусиме од рајската состојба.
Најмили наши, денешниот наш славеник не собра сите заедно во овој свет храм и повторно ни ја покажуваше Славата Господова.

Crkva.Vegoshti
А елеосвештението извршено од страна на  отците Павел Крцоски, Христијан Костоски и Александар Димоски ни ја откриваа во полнота милоста Божја за човековото спасение.

Во оваа дадена прилика, сакаме неизмерно да и се заблагодариме, на Високопреподобната монахиња Илијана (Илкова), игуманија на Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј Солунски“, која во духот на љубовта на Православното предание му ги подари светите мошти од овој Божествен крин  на сега веќе дипломираниот теолог Јордан Петрески, кој неизмерно се труди за разубавувањето на богослужбениот живот во овој парохиски храм.

Bdenie.sv.Ignatij

Од поученијата на преподобен Иларион Оптински
Црквата за нас е земно небо каде што Сам Бог невидливо присуствува и ги гледа оние пред него, затоа и во црквата треба да се стои стројно, со големо благоговение. Да ја сакаме црквата и кон неа да бидеме срдечни; таа ни е надеж и утеха и во радост и во тага.

 Bdenie.sv.Ignatij

Bdenie.sv.Ignatij

Bdenie.sv.Ignatij

За Преминпортал:Дејан Блажевски, Охрид