svklimzim2019 8

„Оние што со вера остануваат во твојот свет храм, отче, просат милост од Бога, богатејќи се со тебе - застапникот и најтопол учител на животот, вистинско спасение на душите и непосрамен лекар на страстите“ (песна од канонот на Утрена ан св. Климент Охридски Чудотворец).

svklimzim2019 1

 svklimzim2019 3

svklimzim2019 4

svklimzim2019 5

svklimzim2019 6


Празнувањето на заштитникот и таткото на нашата света Македонска православна црква - Охридска архиепископија и патронот на градот Охрид, светиот Климент Охридскиот Чудотворец , како и на св. Климент Папа Римски, започна на 07.12.2019 година, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, со Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Димче Азески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната богослужба, пред моштите на светителот беше отслужен и Молебен кон св. Климент Охридски Чудотворец.

Празнувањата продолжија на 08.12.2019 година, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Атанас Казанџиски и Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пигодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

 svklimzim2019 20

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Денеска се собравме во овој свет манастир и ја отслуживме оваа празнична Вечерна богослужба во чест и слава на патронот на Македонската православна црква – светиот Климент Охридски чудотворец. Преку молитвите и прозбите, ние духовно се соединуваме со свети Климент и со нашиот Господ Исус Христос. Но, не се соединуваме само ние што сме овде на молитва, туку и сите наши верници, каде и да се наоѓаат, а молитвено се обраќаат на нашиот голем првоначален архиереј. Се обраќаме со молитва кон него. Молиме сите да нѐ пази од секакво зло и да ни помага преку молитвеното застапништво, па Господ да нѐ избави од секакви престапи и гревови.


Свети Климент Охридскиот чудотворец е и денес со нас, како и пред единаесет векови, кога низ целиот словенски род ја проповедаше спасителната вистина на светото Евангелие. Неговиот бесмртен дух, неговиот светителски лик, како и плодовите на неговото земно постоење се најголемото духовно и народно наследство што македонскиот човек до денес го има. И не само тоа. Плодовите на неговото молитвено застапништво пред Севишниот Бог се секогаш добредојдени, зашто покрај многувековните искушенија и страдања, македонскиот народ живее и свети светоста на Светиклиментовата црква. Тоа е потврда дека славата и благодарноста и молитвите на нашиот благочестив и богопочитлив народ кои му ги принесува на свети Климент, не се празни молења, туку извор на вечно калемење и сраснување со лозата Господова. Милостивиот Бог ги услишува молитвите на светителот и ете денес нашата автокефална Македонска православна црква свети со нов блесок и ги весели срцата на своите верни чеда со нови плодови.


Светлино осветлена од Сонцето на Правдата – нашиот Бог и Спасител Господ Исус Христос, твојот свет ореол нека биде наш одбранбен ѕид од лажливоста на овој земен живот. Дај ни на сите сила и разум. Да ја облечеме твојата Црква во светоста на твоето чудотворство и прими ја од нас не како наше добро дело, туку како наша надеж во тебе, затоа што ти имаш слобода да се застапуваш за нас.


Овој светител е наша ѕвезда Деница на црковно-народното небо на сиот македонски народ. Неговиот дух ги надминува сите земни прегради и ограничувања и сите нѐ сплотува во едно македонско семејство. Затоа, да живееме и работиме така, за да бидеме здраво тело со здрав дух. Драги верници, живејте чесно. Да не го посрамиме пред Господа нашиот застапник. Како што тој ги учеше дечињата и нашите предци да зрачат со чест и достоинство, да бидат ангели во тело, така и вие учете ги вашите деца во вашите домови, за да го продолжите учителството на свети Климент. Така, не само да гори кандилото пред иконата, туку и иконата и кандилото да зрачат во вас и да ги осветлуваат вашите добри дела, бидејќи во Евангелието се вели: „Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен!" (Мт. 5, 16) По молитвите на свети Климент, така нека биде. Амин.

 svklimzim2019 9

svklimzim2019 10

svklimzim2019 11

 svklimzim2019 15

 svklimzim2019 16

 svklimzim2019 21

 

 



св. Климент Охридски Чудотворец
ман. „Свети Климент Охридски"
Плаошник - Охрид
08.08.2019 год.

http://www.dke.org.mk/index.php/3227-2019-12-08-11-34-31