7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

Скопје, 17ти ноември 2019 г.-Соборен хран на св.Климент Охридски

 7.Vselenski.sobor

Недела дваесет и втора по Педесетница

Евангелие според Лука зачало 83
Лука 16,19-31

 7.Vselenski.sobor

На 17ти септември 2019 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

Преподобен Јоаникиј Велики

7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

На 17ти ноември 2019 година, во дваесет и втората  недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прослави споменот на Преподобен Јоаникиј Велики , во Соборниот храм на св.Климент Охридски, во Скопје, протопрезвитер Бранислав Стојанчов во сослужение на ѓаконите  Драган Иванов и Александар Димитриов  отслужи  Божествена  Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот  на Литургијата отецот произнесе беседа од Евангелието за богатиот човек и сиромавиот Лазар.

 7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

 

Друго:

Денешната евангелска приказна за богатиот човек и сиромавиот Лазар, во својата содржина опфаќа повеќе теми, како на пример: богатството и сиромаштијата, милосрдието и немилосрдноста, задгробниот живот, наградата и казната во вечниот живот, дали богатството и сиромаштијата се причина за нашето спасение или не, зошто грешниците понекогаш во овој земен свет уживаат, а праведниците страдаат и многу, многу други теми.

Еден човек, ни сведочи Евангелието, беше богат и се облекуваше во порфир и во свила, и секој ден живееше раскошно и се веселеше. Имаше, исто така, и еден сиромав, по име Лазар, кој струплив лежеше пред вратата негова и сакаше да се нахрани со трошките што паѓаа од трпезата на богатиот; и кучињата доаѓаа и ги лижеа раните негови (Лука 16,19-21)

Богатството и сиромаштијата, драги браќа и сестри, се две страни од човековиот живот кои како две тркала секогаш се присутни во човештвото. Било кое време да го погледнеме од историјата на човештвото нив ги среќаваме и тие се секогаш присутна реалност. И ние, денешните луѓе ја среќаваме таа животна слика. Во секојдневниот живот постојано среќаваме прегладнети лазаревци облечени во искинати алишта, но и богати кои изобилуваат со сѐ. Но и богатството и сиромаштијата се од Бога дадени за спасение на луѓето. Бог ако не дарувал со богатство, тоа го направил за ние преку него да го заслужиме својот вечен живот, споделувајќи го со другите и помагајќи им на ближните. Ако, пак, нѝ подарил сиромаштија, нѝ определил полесен пат во животот за спасение, нѝ го подарил патот на трпението и смиреноста.

Меѓутоа, евангелскиот богат човек е вистински пример на немилосрден човек, кој немал никаква милост кон сиромавиот Лазар. Тој имал сѐ во изобилие, па постојано пирувал и се веселел, а сиромавиот Лазар ги очекувал само трошките од неговата трпеза. Дури и кучињата биле помилостиви од богатиот.

Тие доаѓале при сиромавиот Лазар и ги лижеле неговите рани, со што му ги ублажувале неговите болки. За таквите богати луѓе Спасителот Господ Иисус Христос вели: "Вистина, ви велам, богат мачно ќе влезе во царството небесно и полесно и е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во царството Божјо" (Матеј 19,23-24).

Но богатството не е грев, туку грев е слепата приврзаност кон него. Кога човекот е претерано приврзан за богатството, тој постанува среброљубец, па заборава на се околу себе, Го заборава и Бога. Ниту, пак, сиромаштијата е секогаш добродетел, која носи спасение и вечно блаженство. Ние и во Светото писмо знаеме за богати кој биле спасени, а и за сиромаси кои ја погубиле својата душа. Авраам - таткото на многу народи, преку кого се благословени сите родови на земјата беше богат човек. Но, неговото богатство не му пречеше тој да биде под Божја закрила (1.Мој 15,1) и да склучи завет со Бога (1.Мој. 17,2-14), зашто живееше според Божјиот закон. Праведниот и многустрадален Јов, исто така, беше многу богат човек, но и непорочен, праведен и богобојазлив. Тој претрпе страшни искушенија и маки, го изгуби и целото богатство, но не се откажа од Бога и остана верен на Бога. Ниту богатството, ниту сиромаштијата нему му попречија да биде вистинит и прав во сите свои постапки и дела преку целиот свој живот. Од друга страна, пак, Јуда - еден од дванаесетте апостоли кој беше сиромашен, стана непријател и противник на Бога и луѓето. Според тоа, богатството и сиромаштијата не се причината за нашето спасение, туку начинот како ќе се користиме со нив и дали според Божјите заповеди на љубовта и милосрдието ќе ги употребуваме.

Умре сиромавиот, продолжува евангелското четиво, и ангелите Го однесоа во крилото Авраамово; умре и богатиот и ГО погребаа. И во пеколот, кога беше во маки, Ги подигна очите свои и ГО виде оддалеку Авраама и Лазара во крилото негово и откако извика, рече: "Оче Аврааме, смилуј се на мене и прати ГО Лазара да ГО накваси својот прст во вода и да ми го разлади јазикот, оти многу страдам во овој пламен!" Но Авраам рече: 'Синко, сети се, дека ти си ГО добил своето добро уште додека беше жив, а Лазар злото; сега, пак, тој се утешува, а ти страдаш' (Лука 16,22-26).

Со овие евангелски зборови Господ ни открил една голема тајна, ни кажал една голема благовест. Тој ни вели дека постојат три света: земјата, рајот и пеколот. Земјата е измеѓу рајот и пеколот и од неа водат само два пата, едниот за во рајот, а другиот за во пеколот. Таа вистина ни ја покажува денешното Евангелие. Нашиот живот започнува на земјата, за да продолжи вечно да живее, по Божја благодат, во вечноста, било во рајот, било во пеколот.


Некој залудно ќе праша: "Па кој дошол од оној свет да ни ги каже тајните на тие светови"? Господ дошол од оној свет, браќа и сестри, и Он ни ја открил завесата која стоела меѓу земјата и небото, помеѓу минливиот и вечниот живот. Он е создателот на се, Он е животодавател на се, Он е победител на смртта и оној, кој верува во Него ќе има живот вечен. Кој, пак, постојано ужива во овој земен живот без да ги помага другите, вечно ќе се измачува во вечноста. Кој тука благува од презаситеност, таму во вечноста ќе умира од глад. Судот Божји ќе биде безмилостен спрема оној, кој не покажал милост во овој свет, ни вели светиот апостол Јаков (Јаков 2,13). Затоа секогаш треба да имаме предвид дека се што имаме во овој свет е минливо и нетрајно и дека треба да собираме небесни богатства кој вечно траат. Нашиот земен живот е време кога треба да го подготвуваме патот за вечниот живот.

Постојано да се сеќаваме на денешната евангелска приказна. Да им помагаме на сиромавите и изнемоштените, да ги посетуваме болните и затворените, да не се срдиме на непријателите, да ги пригледуваме вдовиците и сираците, да покажеме дела на милосрдност и љубов кон ближните. Та да даде Господ преку сите овие дела да Го прославуваме Бога. Да даде Бог според Својата милост да ни се отворат рајските двери во царството Божјо, каде е вечна Неговата слава, сега, секогаш и во вечни векови, амин.

(протоереј-ставрофор Сашко Николовски)

7.Vselenski.sobor

Преминпортал (к.т)