Скопје, 23mи август 2019 г.- храм Рождество на Пресвета Богородица

 

9 Недела по Педесетница
апостол Матеј 22:23-33

 

 

 

 На 23ти август.2019 година, во деветата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на  Светите маченици: архиѓаконот Лаврентиј, папата Сикст и другите со нив, старешината на храмот о.Трајче Петковски  во солужение на ѓаконот Методиј Митановски, отслужи  Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје.На светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.По Литургијата отец Спасе Таковски направи мал петочен водосвет.

 Поука на денот: Свети Нил Синајски
"Кога се молиш не Му придавај на Божеството никаков облик и не дозволувај умот да ти се преобрази во некаков образ (или себеси да се претставува во некој образ), туку невештествено пристапи кон невештественото, па ќе се соединиш со Него.Ако сакаш да се молиш исправно не прави ништо што е спротивно на молитвата. Тогаш Бог, приближувајќи ти се, ќе чекори со тебе."

Старец Софрониј

Според Православната Црква, спасението на човекот е неговото обожение.

 

  ВИДЕО

 

 

Друго: