логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Откако го израсна грижливо семето на Божјите заповеди на сиромасите им го раздели милостиво сето богатство, а на негово место ја стекна славата Христова, преславен маченику. Затоа, со сигурна надеж одиш на подвиг и долги измачувања, Георгие, и откако стана учесник во страдањата на Нестрадалниот и во Воскресението, земајќи удел во Царството небесно, за нас сега моли се.

    (Седален на Утрената)

Славејќи го Празникот над празниците, кој ни пристигна како духовна пролет и извор на благодатта – светлото и славно Воскресение на Оној Кој е Патот, Вистината и Животот – радосно си спомнуваме и за славниот великомаченик што Го следеше Тој Пат, Вистина и Живот сѐ до својот земен крај: Еве пролетта на благодатта доаѓа, Воскресението Христово блеска наоколу и Победоносецот Георгиј го умножува тој блесок со својот сеславенички светлоносен ден. Толку умилно и полезно е за душата да го славиме овој Христов воин, кој е слава на мачениците, пофалба на Светиите и украс на небото и Црквата победничка. Нема христијанска душа, која барем еднаш не го спомнала во молитва, нема христијанска земја која не се фали со своите храмови посветени нему, нема неволја што неговата усрдна молитва не може да ја надмине. Тој ја прегрнал Црквата со својата пожртвувана љубов и носи помош низ целата Вселена. Дури и таму каде Православието страда и маглата на идолопоклонството сѐ уште покрива сѐ, тој слегува непоканет и го нуди присуството на својата љубов. Па и името што го носи не го покажува само како храбар војник во мачењето, туку и како полнота на љубовта и за време на животот, а и потоа во вековите. Оваа божествена љубов што му гори во срцето го прави соучесник во сите молитвени потфати на верните.



Затоа со умилна радост го слави светата Рајчичка Обител, која во секој судбоносен миг се потпира на неговата молитвена смелост пред Бога. Па и сега, кога во навечерието на неговиот празник, пред него ги поставува своите три нови рожби, очекувајќи го благословот измолен од небото. Возбудено треперат срцата, ликуваат бројните присутни гости, нестрпливо очекувајќи го тој прекрасен момент, кога сите погледи и сите молитви ќе се слеат во глетката на трите сестри застанати крстовидно пред олтарот во длабок поклон. Тогаш настанува свечена тишина и секој го запира здивот да ги слушне новите имиња кои ќе го запечатат ова ново раѓање. Раѓање и живеење само за Бога. Живот во смирено послушание кон Старецот и сестринството. Живот рамноангелен, за слава на ангелите и пораз на демоните. Има ли поголема чест од тоа својот минлив краткотраен живот да го дадеш во залог за вечноста, служејќи Му со љубов, предано и до крај на Оној Кој претходно веќе го даде Својот живот за сите нас. На таква чест се удостоија трите Раички искушенички, Мимоза, Флорина и Христина, кои полагајќи го заветот пред небесната и земната Црква и стекнувајќи, преку раката на возљубениот ни владика, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, благослов за живот во монашки подвиг. Така се родија Филотеја, Фотина и Христина. Радоста е голема и за една нова рамноангелна душа, но кога заветот свечено се полага од три возљубени чеда на Старецот, тогаш кој може да ги опише копнежот, и надежта, и љубовта, и грижата, и радоста што во тој миг горат во неговото срце! Со татковски поглед ги следи, додека со преклонети глави и високо издигнати запалени свеќи стојат пред својот Творец, и во себе Му зборуваат со најумилен глас: „Подај ни светла облека, Христе Боже наш, Младоженецу на нашите души, Ти Кој се облекуваш во светлина како во облека“.



Молитвено вдахновен од причислувањето на трите нови монахињи кон свештената Рајчичка обител, нашиот сакан пастир ја искажа својата духовна радост низ прекрасни поуки, упатени до новите сестри:



Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Драги браќа и сестри,

Христос воскресе!
Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј

Би сакал да кажам неколку збора, пред сѐ наменети за трите новопотстрижени монахињи во оваа света обител. Ова е голем и важен ден за вас. Вие долго време се подготвувавте како манастирски искушенички во оваа света обител за да се удостоите со монашкиот повик. На таа ваша желба, Бог погледна со милост и вечерва нѐ удостои овде да го извршиме свештениот чин на монашкото потстрижување.

Верувам дека вашиот стремеж кон монашкото битисување не е започнат од моментот кога сте ја пречекориле капијата на овој манастир. Верувам дека тој процес се случувал во вашите срца еден подолг временски период, како подготовка за вашата припрема за откажување од светот, додека созреало сознанието дека сте повикани кон овој позив. Ние како верници не веруваме во случајности во животот. Веруваме дека и големите и малите нешта во сечиј живот се случуваат како плод на Божјата промисла. Особено, пак, важните настани не можат да бидат објаснети како случајност. Но, колку еден човек е повикан на поголемо служење – толку повеќе, без сомневање, тоа се случува по волјата Божја. Од житијата на светиите знаеме дека избраниците за духовен подвиг биле повикани уште од мајчинската утроба за подвижништво и служење.

Монашкиот повик е висок и одговорен. И вас Господ ве избрал за да Му бидете смирени служителки со духовно служење во монашкиот повик. Он ве водел по вашите животни патишта. Тој ве довел и во оваа света обител. Какви и да биле вашите лични патишта, тие не можеле да завршат на друго место освен во оваа света обител. Со такво сознание треба да гледате на вашите досегашни животни патишта, на вашето повеќегодишно манастирско послушание, на вашата слобода со која решивте да примите монашки потстриг.

Монашкиот повик е висок и одговорен. Со човечките слаби сили тоа не може да се постигне. Треба да ги разберете зборовите на Господа Христа кои пред малку ги слушнавте: „Кој сака да врви по Мене треба да се одрече од себе, да го земе својот крст и да врви по Мене“. (Лк. 9, 23-24) Ова е тежок долг, па ако сакаме буквално да го исполниме според нашата совест, да се оди по Христа и да се откаже човек од себе, тоа не е само монашки долг, туку тоа е повик кон сите христијани, бидејќи Христос на сите им вели: „Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене. И кој не го земе крстот свој и не оди по Мене не е достоен за Мене“. (Мт. 10, 37-38)

Но ако тоа е долг на сите христијани, тогаш многу повеќе е на оние кои се откажуваат од светот и се повлекуваат во света обител за да живеат добродетелно и свето. Затоа, сестри, кои вечерва го примивте монашкиот, потрудете се да живеете според божественото учење на Господа Христа. Ќе повторам, тоа не е можно само со човечки сили, туку молете се на Бога да ви дава сила за да можете да се искачувате и духовно во монашкото подвижништво. Големите светила на монаштвото биле силни за да го победат светот во своите срца, но пред сѐ тоа го направиле со Божја помош. Затоа и Господ Христос вели: „Јас го победив светот“. (Јн. 16, 33) Ако искрено се молите и барате помош од Христа и го следите Неговиот пат, бидете сигурни дека Неговата помош секогаш ќе биде со вас и ќе можете да ги надминете и полесно да ги пребродувате сите препреки и искушенија што животот неминовно ги носи и монашкиот подвиг полесно да го поднесувате. Силната и непоколеблива вера на патронот на овој свет манастир, чиј спомен, впрочем и вечерва го празнуваме, нека ви биде пример за храбро и непоколебливо одење по патот Христов. Вашиот монашки живот нека послужи за прослава на Троичниот Бог, за афирмација на Македонската православна црква и на оваа света обител, а пред сѐ за спасение на вашите души, сега и во сета вечност. Амин.

 

 

 

 

 

Извор: https://bigorski.org.mk/vesti/bogosluzhbi/tri-monashenja-na-manastirskata-slava/

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христови Апостоли Иродион, Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј8 април / 21 април 2024

Тропар на св.Христови Апостоли Иродион, Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј8 април / 21 април 2024

 Вие кои верата во Бога Единиот на вселенатаја проповедавте, Апостоли со мноштво венци закитени,маченици, пророци, проповедници и учителиИродионе, Агаве и...

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная