Скопје, 6ти мај 2019 г.- храм на св.пророк Илија,н.Аеродром

 

 

 

 

 

 

Поука на денот: Старечник
"Го посети авва Лот авва Јосиф и му рече: „Авво, според своите мали сили го вршам своето мало молитвено правило и својот малечок пост, и молитвата и изучувањето на Писмото и тихувањето, и колку што можам, ги чувам моите помисли чисти. Што уште да правам?“ А Старецот, кога стана, ги крена своите раце кон небото и прстите му станаа како десет огнени пламења. Па му рече: „Ако сакаш, сиот биди оган.“"

 

 

На 6ти мај  2019 година, на празникот на Светиот великомаченик Георгиј ,во храмот на св.пророк Илија,во скопската населба Аеродром, старешината на храмот протоереј Зоран Стаменковиќ во сослужение на ѓаконот Александар Брајановски отслужи Божествена Литургија. Верениот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа, и особен акцент стави на одбраната на нашата Православна вера, и како што тој  посочи, пред Бога за нејзиното сочувување ќе мораме да дадеме одговор.

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)