Христос Воскресе! – Навистина Воскресе!



На големо изненадување и радост за сите верници и оваа година токму на Велигден, Митрополитот Брегалнички г. Иларион Го донесе Благодатниот оган кој го симболизира излегувањето од гробот на Вистинската Светлина, т.е. Воскресението Христово. Го пречека свештениците од сите архиерејски намесништва и верниците кои го примаа Благодатниот оган. Биењето на камбаните пред полноќ ги повика граѓаните на Штип масовно да го прослават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – ВЕЛИГДЕН, во Соборниот храм Свети Николај во Штип, каде што богослужеше Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

На полноќ Митрополитот Брегалнички г. Иларион од платото пред Соборниот храм Свети Николај во Штип на Своите верни чеда им го честита Најголемиот Христијански Празник со торжествениот поздрав: ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ! По што се упати во храмот да отслужи Света Воскресенска Архиерејска Литургија и одржа пригодно слово и ги причести православните верници.

Извор: http://www.bregalnickaeparhija.org.mk/index.php/82-2010-01-15-21-45/2010-01-15-21-513/1271-2019-04-28-01-52-57