vtorvosk2019 2

„Со архангелите да го воспееме Христовото Воскресение, зашто Он е Избавителот и Спасител на душите наши, и во страшна слава, и во крепка сила, пак доаѓа да му суди на светот што го создаде“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна во Неделата на Пасха).

 vtorvosk2019 4

vtorvosk2019 5


На 28.04.2019 година, денот на славното и свето Воскресение Христово - Пасха, во вечерните часови, според одамна востановената традиција, во катедралниот храм „Св. Софија“ беше отслужена свечена воскресенска Вечерна богослужба, на која беше прочитано и дел од Евангелието според Јован, во кое го слушнавме сведоштвото на апостолите за Христовото Воскресение. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачески и Александар Димоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј, на неизбројниот верен народ, му подели по едно велигденско јајце, и му го честита Торжеството над торжествата и Празникот над празниците, со древниот христијански поздрав: Христос воскресе!

vtorvosk2019 10

 vtorvosk2019 13

 vtorvosk2019 17

vtorvosk2019 19

 Извор: http://www.dke.org.mk/index.php/3169-2019-04-28-10-03-29