Скопје,25ти април 2019 - храм Рождество на Пресвета Богородица

 

 

На 25ти април 2019 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

  • Преподобен Исаак Сирин II
  • Свети Василиј Исповедник

 

На 25.04.2019 година, на Велики Четврток наутро, кога го празнуваме споменот на Тајната вечера, миењето на нозете, свештената молитва и предавството Јудино, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, ереј Спасе Таковски во сослужение на ѓаконите Методиј Митановски и Михаил Манојлов отслужи света Василиева Литургија, на која бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. Отецот во текот на Литургијата  се обрати кон верниот народ со пригодно слово, во кое го образложи значењето на празникот.По Литургијата беше извршена Света Тајна Елеосвештение (маслосвет).

 

  Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 26:21-39

21.     И кога јадеа, им рече: „Вистина, ви велам: еден од вас ќе Ме предаде.”
22.     Тие многу се нажалија и секој од нив почна да Го прашува: „Да не сум јас, Господи?”
23.     А Он им одговори и рече: „Оној што ќе макне со Мене во чинијата, тој ќе Ме предаде.
24.     Синот, пак, Човечки, вистина си оди, како што е напишано за Него; но тешко му на оној човек, преку кого Синот Човечки ќе се предаде; добро ќе беше за тој човек ако не беше се родил.”
25.     А Јуда, што Го предаде, одговори и рече: „Да не сум јас, Рави?” Му одговори: „Ти рече.”
26.     И кога јадеа, Исус зеде леб, го благослови и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.”
27.     И како ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: „Пијте од неа сите;
28.     зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина, за опростување на гревовите.
29.     И вам ви велам, оти отсега нема да пијам од овој лозов плод сe до оној ден, кога ќе пијам нов со вас, во царството на Мојот Отец.”
30.     И откако испеаја благодарствена песна, се искачија во Елеонската Гора.
31.     Тогаш им рече Исус: „Сите вие ќе се соблазните заради Мене уште во оваа ноќ; зашто е напишано: »Ќе Го поразам пастирот и овците од стадото ќе се разбегаат.«
32.     А по воскресението Мое ќе отидам порано од вас во Галилеја.”
33.     Тогаш Петар Му одговори и рече: „Дури и сите да се соблазнат заради Тебе, јас никогаш нема да се соблазнам.”
34.     Исус му рече: „Вистина, ти велам: дека оваа ноќ, уште пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене.”
35.     Петар Му кажа: „Ако затреба дури и да умрам со Тебе, нема да се откажам од Тебе.” Истото го рекоа и сите ученици.
36.     Потоа отиде Исус со нив на едно место, наречено Гетсиманија, и им рече на учениците: „Поседете тука, додека отидам онаму да се помолам.”
37.     И кога ги поведе со Себе Петра и двајцата Зеведееви синови, се натажи и почна да тагува.
38.     Тогаш им рече Исус: „Смртно е нажалена Мојата душа; останете тука и видете будни со Мене!”
39.     И како се пооддалечи малку, падна ничкум; се молеше и говореше: „Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како Јас што сакам, туку како Ти.”

 

 

 

 

 

 

 

 

Преминпортал (к.т./Драги)

Друго: