На 15ти март  2019 година, во првата  недела од Великиот Пост, кога Светата Црква молитвено  го слави споменот на преп. Агатон Египетскиј, во  храмот на св. Петка, во Скопје, протоереј Зоран Данев во сослужение на свештениците отслужи мало повечерие, и  првиот Акатист кон Пресвета Богородица. На ова  прво по ред вознесување на молитви кон Пресвета Богородица, присуствуваше бројниот  верен народ.  На крајот на вечерната богослужба беа благословени  празничните петолебија на  стотина  верници.

 КОНДАК 1
Храбра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи н¢, да повикуваме:
Радувај се, Невесто Неневестна!