Скопје, 14ти март 2019 лето Господово

 

Денеска 14.03.2019 година продеканот за наука и развој на Факултетот за безбедност Скопје доц. д-р Марјан Ѓуровски оствари средба со Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи м-р Даријан Сотировски.

На средбата директорот се заблагодари за партиципацијата на Факултетот за безбендост и нејзините студенти во испитување на јавното мислење кое го спроведува оваа институција. Воедно стана збор за реализација на заедничка конференција каде дел од резултатите кои ќе бидат презентирани со анализа на прашања што дел опфаќа во својата област и  Факултетот за безбедност-Скопје.

Покрај тоа се разговараше во иднина да се потпише Меморандум за соработка и заеднички да се организира дебата за влијанието на верските заедници и религиозни групи врз безбедноста, со посебен акцент на верската радикализација, дерадикализација и ресоцијализација во општеството. Од страна на директорот беше искажана подготвеност заедно со Факултетот за безбедност-Скопје преку истражување и организирање на заедничка дебата да се отвори прашањето за капелани во безбедносните-одбранбени институции  и пенитенцијарните установи во земјата.

 

 

 Р.П.

Друго:

1

        „Ќе вложуваме во развивање на дигиталните облици на истражување“