Скопје, 3ти март 2019 - храм Рождество на Пресвета Богородица

 

На 3ти март 2019 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

sv.Lav.jpg

  • Свети Лав I, папа Римски
  • Свети Флавијан

 

 

 

 

 

На 3ти март 2019 година, во Недела месопусна, на празникот на св.Лав I, папа Римски и Свети Флавијан, свештеникот Борче Лазов во солужение на старешината на храмот о.Трајче Петковски и ѓаконотите  Методиј Митановски и Михаил Манојлов, отслужи  Божествена Златоустова Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје.На светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.По отслужената Литургија отец Борче произнесе празнична беседа за поканието и Срашниот Суд.

„Од оваа недела се скусува храната (повеќе не се јаде месо), а не повикува и на милостина кон ближните. Исто така, бидејќи со храна бевме истерани од рајот, и паднавме под осуда и проклетство, по примерот на Адам од наредната недела, се молиме Христос и нас повторно да не воведе во рајот. И при Второто пришествие Христос ќе дојде во тело, но не како при Неговото прво доаѓање, тивко и без слава, туку со натприродни знаци и чуда, со силна светлина од небесата, за да биде познаен од сите; дека Он е тој што дојде и првиот пат, и родот човечки го избави, и дека самиот Тој ќе суди, според тоа кој колку зачувал од она што Он ни го дал. Кога ќе биде тоа пришествие? Никој не знае. Господ тоа го сокри и од апостолите.“

 

 


Бог нема постојано да ја праќа Својата благодат во срце кое не поставува ограда пред своите страсти ниту во ум којшто не покажува дека ги ограничува своите бесцелни скитања. Во почетокот, Бог ни ја дава благодатта за да ни помогне, за да нè поттикне, за да ги наслади нашите душевни чувства, за да нè привлече. Но ако напоредно со тоа не се трудиме и ние, благодатта нема да биде делотворна и ќе се повлече. Апетитот се појавува со јадењето, а молитвата со молењето.- Старец Ефрем Филотејски

 

 

 

 

Преминпортал (к.т.)

2019 лето Господово

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица,Скопје (01.02.2019)

Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (28.12.2018)

Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (02.09.2018)