Скопје 24 - февруари 2018 г.- храм на св.вмч. Димитриј

sv.Gorgi.Kratovski.jpg

Светиот маченик Георгиј Кратовски   

 

 

Во Скопје, на 24.02.2018 година,во Неделата на блудниот син,кога МПЦ-ОА молитвено  ги прославува празникот на Светиот маченик Георгиј Кратовски ;Светиот свештеномаченик Власиј;Света Теодора, протопрезвитер Сашо Додевски во сослужение на ѓаконот Димитриј Белчовски  отслужи Божествена  Литургија во храмот на св.вмч. Димитриј. Во текот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.

 

 

 

 Старец Паисиј Светогорец

Добро е, колку што можеш да ги одбегнуваш тие собирања, како и љубопитноста, бидејќи така ќе собираш талог од помисли, а потоа многу ќе се замориш за да ги изгониш. Секогаш да носиме добри мисли и да не примаме лукави телеграми, ако сакаме да се очисти нашето срце и лукавите механизми на нашата фабрика (срцето) да се претворат во добри механизми. Тогаш, од златото ќе прави свети путири, а од скршените камбани - полиелеи, а пак од старите, фрлени хартии - ќе прави чисти салфети. Кога пак, срцето е лукаво - и доброто злато ќе го смета за бронза и од него ќе направи куршуми или топови. Затоа, срцето ќе треба да се очисти, со тоа што во него ќе внесуваме само добри помисли за сите, и со тоа што нема да примаме телеграми од лукавиот, затоа што од срцето излегуваат сите зла, (Мт. 15, 19) и повторно од вишокот на срцето зборува устата (Мт. 12, 34).

 

 

 

 

 

 

Преминпортал (к.т.)

Друго: