Скопје,17ти февруари  2019 - храм Рождество на Пресвета Богородица

  На 17ти февруари 2019 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

  • Преподобен Исидор Пелусиот;
  • Преподобен Николај Исповедник;
  • Светиот маченик Јосиф

На 17ти  февруари 2019 година, во триесетишестата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква-  Охридска архиепископија  молитвено  го празнува споменот на Преподобен Исидор Пелусиот;Преподобен Николај Исповедник;Светиот маченик Јосиф, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје,свештеникот Ангел Сердарски во сослужение ереј Игор Димитриевски и ѓаконите  Методиј  Митановски и Михаил Манојлов, отслужи Божествена Литургија.Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.

 

 

 

Свети Амвросиј Оптински


Молитвата на митарот: „Господи, смилувај се на мене грешниот“, ќе ги придружува праведниците до вратата на Царството, зашто на патот кон спасението христијанинот мора постојано да се наоѓа меѓу стравот и надежта. Свети Исаак Сирин оваа мисла ја изразил со еден трогателен збор ’каењето – вели тој – е треперење на душата пред вратите на рајот’.

 

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица,Скопје (01.02.2019)

Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (28.12.2018)

 Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (02.09.2018)