ереј Александар Несторовски:

 СВ. ЈОАНИКИЈ РАКОТИНСКИ

Неможе да се сокрие светило што се наоѓа на врв планина, и пе се става светило под поклоп туку на свеќник за да ги осветлува сите в куќи.

Оскудни се податоците за животот на св. Јоаникиј Ракотински, но сепак Господ не удостоил со некои сознанија. Се кажува дека бил роден во во Охрид 1839 година, (а според некои од егејска Македонија), а починал на 24 Јануари 1941година и неговите мошти почиваа во манастирот на свети Илија во Скопското село Ракотница кое се наоѓа на падините на Водно, на 10-тина километри југоисточно од овде. На крштавањето го добива името Јован (Георгиев). Неговата желба целосно да се предаде во служба на Бога ќе го донесе младиот Јован на негови триесетина години во манастирот на Св. Пантелејмон во село Нерези. Оваа негова одлука веројатно е плод на неговите среќавања со монасите од обителта на Св. Пантелејмон, кои често оделе во Охрид. Во овој манастир, каде во тоа време имало големо монашко братство, тој поминува две години како искушеник, по што е замонашен и на монашењето го добива името Јоаникиј. Во манастирот на св. Пантелејмон монахува уште две години. Неговото служење во манастирот на светиот исцелител и безсребреник свети Пантелејмон засекогаш ќе остави еден дел од неговиот благодатен живот. Имено, во својот понатамошен живот тој своето служење на народот Божји, па и на иноверните, подеднакво се грижил и за нивното духовно и телесно здравје, лекувајќи ги со лековити тревки и молитви. Своерачно има напишано и една книга "Лекаруша" која денес се чува во Црковната Архива на Богословскиот факултет во Скопје. Бројни се и неговите исцеленија пеку неговите молитви во случаевите каде природните лекови не помагале. Од таму оди во манас. „Св. Илија" во с. Бањани, Ск. Цр. Гора за да расте во пламената вера на прор. Илија. Но, по наездата на иновер. Агарјани, кои го разрушиле манастирот, заминува во манастирот Св. Димитриј (Марков манастир) с. Сушица, пребивајќи во молитва наредните три години. Но и тука неговото молитвено тихование го прекинале злобните Агарјани, па заминува во1875 година во с. Ракотинци. Тука веќе како јеромонах, заедно со селаните од самото село се зафаќа со обновување на ракотинскиот манастир „Св. Илија", кој во турско време бил повеќепати разурнуван. Веста за обновувањето на манастирот ги огорчува турските власти и св.Јоаникиј, за да ја одбегне лутината на Турците и да не предизвика неволји и зло во селото, заминува накусо за Света Гора. Од истата причина тој четирипати се враќа на делото на обновување на манастирот, повремено заминувајќи на Света Гора, се додека да се смират страстите. Сепак, со упорност и ревност на човек со силна вера, тој успева да го заврши обновувањето. Покрај црквата, посветена на светиот пророк Илија, нешто подоцна се изградени и конаци. Во овој манастир св. Јоаникиј, е произведен во чин архимандрит каде живее наредните 63 години, cè до неговото блажено упокојување во Господа во 1941 година, на негови 102 години. Отец Јоаникој по раст бил низок и во лице полничок и мил човек, со блага душа и смирувачки збор. Останато е сведоштво дека во текот на целиве овие 63 години, „архимандритот Јоаникиј бил многу скромен и не барал никаква помош за себе, освен ако затребало нешто за манастирот" . Како што е вообичаено, за неговите монашки подвизи не се знае многу, но за неговиот духовен раст укажува фактот дека му бил исповедник на тогашниот скопски митрополит Варнава, подоцнежен Патријарх српски, а митр. Скопски Јосиф пак, ќе знае да му каже: Јас сум Епископ по чин, а ти по дела.Селаните го памтат по своите добри дела. Бил нај образованиот човек во околијата и кај него за совет доаѓале и од нај оддалечените села, бил најомилен меѓу христијанското население па дури и иноверните турци го почитувале. Селаните го нарекувале дедо Ација, затоа што има одено на ацилак во Јерусалим, на Гробот на нашиот ГИХ. Како вистински Пастир и духовен лекар тој се грижел и за душите и телата на своето духовно стадо. Покрај тоа што ги исповедал, духовно ги поучувал и водејќи ги кон спасението, тој во 1896 година основа и училиште во манастирот каде што и интелектуално ги образувал, бивајќи нивен учител, во кое отпрвин учеле само машки деца, а подоцна и девојчиња. Чисто ги советувал, користејки го познаванјето на Светото Писмо, велејќи им: Луѓе слушајте ваму, каков век иде, што пишува во Евангелието? Најпрво ќе исушат бресјата, ќе загинат водите, ќе има војни, поштујте празниците, немојте да го кодошите комшилукот...Распламтени со љубов кон Бога, некои од нив подоцна и се замонашиле. Еден од нив, Спасо, во монаштвото Софрониј, бил од Ракотинци и служел во манастирот заедно со архимандритот. Со о.Софрониј тој редовно го служел целиот Литургиски Богослужбен циклус и покрај многуте грижи и обврски околу полските работи на манастирскиот имот за кои повторно се грижел тој самиот. А пак, Макариј, подоцна станал стареш. на Марковиот манас. Селаните cè уште се сеќаваат дека тој ја изградил првата воденица во селото, „која работела со силата на еден коњ".

Во свој. Манастир живее cè до неговото блажено упокојување во Господа на 24 Јануари 1941 година за кое како и кај многумина Божји угодници му било откриено од Господа, а и за идните настани со неговото тело. Пред да се упокои, на местото каде што пребивал, започнал сам да си ја прави гробницата, а кога селаните го молеле да му помогнат во копањето тој возвраќал со зборовите: „Таа е лично за мене, сам ќе си ја направам". Меѓутоа според зборовите од Евангелието дека не може да се сокрие светило на врв на планина, така и личноста на св. Јоаникиј кој во својот подвижнички живот живеејќи скришно во својата тајна соба т. е. во срцето ги поминал сите три степени од духовниот живот. 1. Степенот на подвижничката борба над срцето и неговото очистување од страстите, а воедно и ослободување, потоа 2. степенот на просветление на умот каде во веќе очистеното срце молитвено слегнува умот на подвижникот и таму се бања и просветлува со просветлувачката благодат на Светиот Дух и третиот степен на обожувањето на целата личност каде не само душата туку и телото е просветлено и обожено и не може да види распаѓање. Така е и со св.Јоаникиј Ракотински кого, отпосле неговото блажено упокојување во i оспода, не можеше да го сокрие земЈата и неговото свето тело, целосно беше исфрлено надвор за слава на Бога. После 30-тина години од неговото упокојување неговите свети и нетлени (нераспадливи) мошти на чудесен начин биле исфрлени на површината. Тогаш парохискиот свештеник побожно и со сите почести му ги измил и помазал неговите свети мошти и заради незнаење на мештаните и страв од безбожничката комунистичка власт ги префрлил во друга гробница која се наоѓала во една од селските цркви од која, подоцна, повторно заради несоодветен однос кон него Неговото нераспадливо тело било вратено во старата гробница, сега покриено со три камени плочи од кои на третата имала отвор преку кој можело да се види сочуваниот лик на преподобниот старец. Но и во ова трета по ред гробница, телото на светиот стрец било оставено на невнимание и несоодветна грижа така да изложено на надворешните временски промени почнало да се распаѓа, заради тоа монасите од Бигорскиот манастир , со благослов на Неговото Блаженство арх. Стефан достоинствено ги прибираат и за истите се грижат, се до скоро време, кога ги враќаат во ман. „Св. Ѓорѓи", Криви Дол, за да на 24 септ минатата 2017г., бидат пренесени овде во нашиот Соборен храм Свети Климент Охридски.". Од неговите свети мошти и денес може да се почувствува благоухание (пријатна миризба) и многу исцеленија кои сведочат за неговата светост.

По молитвите на св. Јоаникиј Ракотински, Господи Исусе Христе, помилуј не!