Скопје,19ти декември  2018 - храм Рождество на Пресвета Богородица

 

На 19ти декември 2018 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

 Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски

Свети Николај, епископ Патарски

 

 На 19ти декември 2018 година, во дваесетидеветата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква-  Охридска архиепископија  молитвено  го празнува споменот на Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски,свети Николај, епископ Патарски,  во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, протоереј Драган Јанковски во сослужение на ѓаконите Методиј Митановски и Михаил Манојлов отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. 

 

 

 

 

 

 Старец Софрониј

Само ослободени од своите помисли, идеи и желби, ќе можеме да живееме исчистени, во присуство Божјо! Послушание, значи да ја скротиме нашата сопствена, индивидуална волја. Во секојдневниот живот, тоа значи, да бидеме подготвени да се одречеме од нашите идеи, за да се ослободиме од мрачната и мизерна борба што ја водиме против страстите. Штом ќе заврши оваа војна, веќе сме до прагот на вечноста. Ако се откажете од вашата лична волја, барајќи ја волјата Божја, Бог ќе биде со вас! Ако настојувате да ја следите вашата помисла, Бог ќе ве напушта.

 

 

 

 

Скопје,22-ти декември  2018 - храм Рождество на Пресвета Богородица

 

 На 22ри декември 2018 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

 Преподобен Патапиј и Светите апостоли Состен, Аполос,

Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар

 

 

 

 

Ереј Спасе Таковски направи мал петочев водосвет и упати молитви кон Бог за здравје и спасение на верниот народ.

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т)

 

Друго: