Скопје, 08.12.2018 год.- Соборен храм на св.Климент Охридски

На 8-ми декември 2018 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

  • Свети Климент, архиепископ Охридски  
  • Светиот свештеномаченик Климент, епископ Римски   

 

На 8- ми декември 2018 година, на празникот на  св.Климент Охридски, молитвениот закрилник на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во соборниот храмот на светителот, во Скопје,се отслужи Архиерејска Божествена Литургија, на која покрај бројниот верен народ присуствуваа амбасадорот на Руската Федерација во Р. Македонија Н.Е. Сergej Баздникин и проф. д-р Велимир Стојковски.

Со Литургија  чиноначалствуваше Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар,  Митрополитот Повардарски г. Агатангел,Митрополитот Тетовско - гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, Епископот Полјански г. Јаков заедно со многубројно свештенство и ѓаконство.Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата слово за значењето на патронот на македонскиот народ и црква, свети Климен Охридски, произнесе Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   

 

Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

 

 Митрополитот Тетовско-гостиварски: „...И секогаш кога се вдлабочуваме во личноста и делото на овој наш просветител се прашуваме: Што повеќе кај него нè импресионира – дали како мисионер, просветител, учител, книжевник или, пак, архиереј?! И не мораме премногу да размислуваме – во сето ова напоменатото – го имаме свети Климент во полнотата. Но, најмногу од сè, меѓу ова, многумина од нас го чувствуваме како отец – како духовен татко, како мил и предан архиереј за своето стадо. Тој никогаш не одбивал да поучи, да служи, да се предаде целиот на својот и нашиот Господ, да помогне на своето стадо и на своите ближни, на своите чеда. Не му било одменост да ја слушне маката на своите чеда, да се најде на нивното ниво и меѓу обичниот човек, да им стане слуга за да ги придобие сите за Господа...“

 

 

 http://mpcaus.org/wp-content/uploads/2018/12/48225552_1987512147983226_8732955546962886656_n.jpg