Скопје, 24.11.2018 год.-  храм Рождество на Пресвета Богородица

 

 

На 24-ти ноември  2018 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

vozdvizenie.jpg

Светиот великомаченик Мина

 

Во дваесетипетата недела по Педесетница, на  празникот на Светиот великомаченик Мина, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, протоереј Љупчо Вељановски   во сослужение на ѓаконите Методиј Митановскии Михаил Манојлов  отслужи  Божествена Литургија. Верниот  народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот произнесе слово од житието на св. Мина. 

 

 

 

Спасителот вели: Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе го видат Бога (Мат. 5, 8), зашто Бог е скриен во срцата на оние што веруваат во Него. Тие ќе Го видат Бога и ризниците скриени во Него, кога ќе се очистат преку љубов и воздржание и ќе Го видат толку појасно колку повеќе се исчистени.- Свети Максим Исповедник

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Преминпортал (к.т.)

 

 Друго: