Скопје, храм на св.Петка Икониска, населба Аеродром

 Во скопската населба Аеродром, во непосредна близина на кулите Скај Сити изграден е многу убав храм посветен  на св.Петка Икониска .Неодамна ја имавме можноста да присуствуваме на богослужба на денот на нејзиниот празник. Антонио Апостолоски, професорот во Македонската православна богословија „св.Климент Охридски“отслужи Божествена Литургија на која бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот произнесе беседа од житието на св.Петка Икониска и го благослови и пресече празничниот колач.

 

  Тропар на света
Петка Икониска
28 октомври / 10 ноември

Премудрата и сефална Христова
маченица Параскева,
мажествена храброст примајќи,
женската немоќ ја отфрли,
демонот го победи и
мачителот го посрами,
повикувајќи и глаголајќи: дојдете,
телото мое со меч исечете го,
јас пак радувајќи се одам кон Христос,
мојот Женик.
По нејзините молитви, Христе Боже,
спаси ги нашите души!
Извор МПЦ-ОА    

 

 

 Говореше Ава Макариј: „Ако е понижувањето за тебе пофалба, сиромаштијата – богатство, а недостигот – изобилие, нема да умреш, зашто не може да се случи оној што е правоверен и што се подвизува во благочестивоста да падне во нечистотијата на страстите и во демонска прелест.

Старечник

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)