Калишта, Струга, 6-ти октомври 2018 г.

„По пригодните молитви, почна заседанието на Соборот, најпрво со свечен дел, на кој свое обраќање имаше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, како и Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во Р. Македонија, г. Даријан Сотировски. По свечениот дел, следуваше работниот дел на заседанието, на кој се разгледуваа повеќе прашања од актуелниот живот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.Сите прашања, со искрена и корисна дебата, беа решени во еднодушност, а покрај другото, Соборот реши Архиепископот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија да ја носи титулата Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима.“

 

 

„Некогаш народите беа расеани поради дрскоста на градителите на кулата, а сега народите се исполнија со мудрост поради славното Богопознание. Таму Бог ги осуди безбожните поради нивниот грев, а овде Христос со Духот ги просветли рибарите. Тогаш наместо казна беа измешани јазиците, а сега се обновува едногласноста на душите наши“ (стиховна стихира на Слава... на Вечерна на Педесетница).

 

 

Редовното годишно заседание АЦНС го одржуваше на 6 и 7 -ми октомври 2018 година, во манастирскиот комппекс „Рожденство на Пресвета Богородица“ во Калишта,и во Охрид во рамки на одбележувањето на јубилеите „1000 години Охридска Архиепископија“ и „60 години од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската православна црква“, како и „75 години од Свештеничкото собрание во Издегпавје“, „200 години од раѓањето на Митропопитот Партениј Зографски“ и „1155 години од Моравската мисија на светите браќа Кирил и Методиј“.

 

 

 

 

 

Охрид, Св.Софија - Свечена Академија

 „Истиот ден, во вечерните часови, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше одржана Свечена академија, на која свое обраќање имаше Архиепископот г.г. Стефан, а храмот се исполни со прекрасните звуци на хорот при храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ Скопје, како и од братството на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“. На Академијата беше прикажано и видео за Вториот црковно-народен собор.“

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)