Скопје,н. Црниче 17-ти август 2018 - храм на св.Петка

На 17-ти август 2018 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на
светите седум Отроци
4 август / 17 август

Големи чудеса на верата
се покажаа во пештерата
 која како царска одаја послужи
на Светите седум Отроци,
умирајќи без тело,
по многу време се подигнаа како од сон,
посведочувајќи го воскресението пред сите луѓе.
По нивните молитви, Христе Боже помилуј нѐ.

Во единаесттата  недела по  Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено  го прослави споменот наСветите седуммина младенци во Ефес, свештеникот Здравко Пејковски  отслужи Божествена Литургија во храмот на св. Петка, во скопската населба Црниче. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот произнесе  неколку пастирски поуки. Вообичаено, секој петок во овој храм по Литургијата се прави мал петочен водосвет, а денес тоа го направи свештеникот Владимир Белчовски.

 

 

Со разумното движење на душата, ние сме икона Божја. Телото, пак, претставува нејзино живеалиште. Но, со Адамовиот грев, не само што се осквернети цртите на оваа богосличност туку и нашето тело, малку по малку, паднало во тленост. Затоа се воплоти Словото Божјо, бидејќи Бог со Своето Крштевање ни ја даде водата на спасението заради преродба. Се преродуваме со вода и преку дејството на Светиот и Животворен Дух. Оттаму, се очистуваме и со телото и со духот – барем оние што се стремат кон Бог со целата своја волја – и тоа на тој начин што Светиот Дух се вселува во нас, а гревот бега од Него... - Свети Дијадох, епископ Фотикиски

 

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 Друго: