Скопје,н. Аеродром, 14-ти август 2018 - храм на св.пророк Илија 

На 14-ти август 2018 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

Седумтемина Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар    

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

Тропар на светите Божји угодници
браќа Макавеи – Авим, Антониј, Гуриј, Елеазар,
Евсевон, Алим, Маркел,
и нивната мајка Саломија
1 август / 14 август

Господе Боже наш, Ти Кој поглед од човека не свртуваш,
смилувај се на нас кои на Тебе забораваме,
еве во труд срцата Ти ги принесуваме,
и како што се надеваа браќата Макавејски,
телата свои за Тебе положувајќи ги,
од Тебе да ги добијат во Царството на Славата,
дозволи да ја имаме радоста на нивната мајка,
која породот на срцето го принесе, и со неа озарени,
тебе вавек да Те прославуваме.

 

 Во единаесетата недела по Педесетница, на денот кога Светата Христова Црква молитвено го слави споменот на Седумтемина Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар, во храмот на св.пророк Илија, во скопската населба Аеродром, светеникот Димче Бојковски во сослужение на ѓаконот  Александар Брајановски отслужи   Божествена  Литургија.На певницата молитви кон Бог принесуваше Игор Величковски, професорот во Македонската Православна Богословија.

 

 

Свети Исихиј, презвитер Ерусалимски

Непрестајната молитва ја чисти атмосферата на умот од мрачните облаци и од ветровите на духовите на злобата. Кога атмосферата на срцето е чиста, повеќе ништо не пречи да засветли божествената светлина Исусова... Како што долините изобилно раѓаат пченица така Исусовата молитва изобилно го оплодува срцето твое со секое добро. Подобро кажано, тоа ти го дарува Самиот наш Господ Исус Христос, без Кого не можеме да правиме ништо (Јован 15, 5).

 

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)