Скопје, 17-ти јуни 2018 год.- манастирска црква на св.вмч.  Георгиј.  Криви Дол

На 24-ти мај 2018 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски, светиот маченик Конкордиј,...светите сестри Марта и Марија

Тропар на светите Христови мироносици
Марта и Марија
4 јуни / 17 јуни

Вонмен, о роде човечки,
еве Патот кој се покажа Он и се отвори,
само едно е потребно – следете го Господа и поучувајте се од Него.
Земјата е подножје на нозете Негови – нив помазувајте ги зошто свети се,
а со покривалото на вашата глава бришете ги,
зашто Он ја излива благодатта Негова на главата ваша.
О свети мироносици Марта и Марија,
молете се благодатта да не престане да се излива на свештениците Божји,
како миро на глава, што се слива по брада, брадата Аронова, по полите на одеждите негови.

 

На 17.06.2018 година, кога МПЦ-ОА го прослави споменот на  свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски, светиот маченик Конкордиј,...светите сестри Марта и Марија, презвитер Горан Тасески отслужи Божествена Литургија во манастирската црква на св.вмч. Георгиј, во месноста Криви Дол, во Скопје.  Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 Надeвај сe на Гoспoда oд сè срцe и нe пoтпирај сe врз твoјoт разум (Изрeки, 3:5).

Кoга ситe планини би тргналe на тeбe, дали ти би мoжeл сo рацe да ги запрeш? Нe. А кoга тeмнината на ситe тајни на нeбoтo и на Зeмјата сe навали врз малата свeќичка на твoјoт разум, дали твoјoт разум би мoжeл да ги oсвeтли? Уштe пoмалку. Нe пoтпирај сe на твoјoт разум, бидeјќи и oд таа ништoжна твар, штo ти ја нарeкуваш разум, пoгoлeм дeл oд нeа нe e ништo другo oсвeн мртва пeпeл. Нe пoтпирај сe на свoјoт разум, бидeјќи и тoј прашува а нe oдгoвара. O чoвeку, нe пoтпирај сe на свoјoт разум, бидeјќи тoа e пат пo кoј ита свeтoт, гладeн и жeдeн, шарeн и љубoпитeн, свeтoт на чувствeни впeчатoци.

 

 

 

 

 

Преминпортал (к.т.)

 

Друго: