логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Пред извесен период, повторно, по милоста Божја Ве информираме дека со благослов на нашиот надлежен епархиски архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј – излезе од печат четвртиот број од епархискиот гласник на  Австралиско – сиднејска епархија при МПЦ-ОА – списанието „ПРАВОСЛАВИЕ“, кое веќе една година успешно на секои три месеци ги радува своите читатели.

До читателите на списанието „Православие“

Почитувни наши верни чеда,

И ова ново 2018 лето Господово сме заедно со вас. Со Божја помош стигнавме до четвртиот број на епархискиот гласник на Австралиско-сиднејската епархијана МПЦ – ОА, „Православие“. Овој број на црковниот гласник е посветен на празникот Сретение Господово.Сретение е празникот од каде потекнува зборот „среќа“. Сретението, средбата, среќавањето со Бог е вистинската среќа. Светиот Симеон триста години го чекал тој момент кога Го сретнал Бог и Го зел во своите раце. Ние не требаше да чекаме толку многу, туку само три месеци за повторно да се сретнеме со новиот број на „Православие“ и го земеме во нашите раце. Искрено се надеваме дека и овој број ќе ви донесе вистинска среќа и сретение со Бога.

Овој број од списанието ќе ви овозможи да научите нешто повеќе за православната вера, да ги зголемите вашите знаења. Носечка тема е празникот Сретение Господово, но списанието содржи и доста други разновидни теми со духовна тематика. Особено во овој број е даден акцент на темата за Богопознаето – познанието на Бога.

Во овој број додадовме три нови рубрики и тоа Црковна уметност и архитектура, Интервју и Помесни православни цркви. Посебно значајна е втората рубрика. За наша радост го направивме првото интервју со Архимандритот Гаврил (Галев), игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк (Мелбурн), кој воедно е одговорен уредник на списанието. Оваа рубрика во овој број ќе биде додаток на списанието. Додека третата рубрика ја започнавме со новости од Антиохиската црква на Австралиско тло. Тоа е најново, другите работи си остануваат непроменети и вообичаено се присутни сите рубрики. Исто така поместивме и повеќе информации и новости од епархискиот  живот во рубриката Вести и настани. Во овој период нашата Епархија се збогати со уште тројца нови свештенослужители на кои им посакуваме успешна и плодна мисија. На отец Климент Станковски, пак му ја честитаме годишнината од почетокот на неговата служба во Епархијата.

А на крај оставивме, секако, и простор за вашите критики. „Православие“ го издаваме за вас драги наши пријатели, браќа и сестри. Токму затоа ни се потребни и вашите коментари (позитивни и негативни) за да знаеме по кој правец да се движиме и како да се подобриме, а „Православие“ да го направиме Ваше омилено списание. Затоа, искрено ве молиме, сите ваши забелешки, коментари, критики, пофалби да ни ги испраќате на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; Некои од нив ќе бидат и јавно објавени.

Поради огромниот интерес за нашето списание од страна на наши читатели од Република Македонија, Редакцијата на списанието нуди можност сите заинтересирани да пратат барање на следниот е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и ќе им биде испратено списанието. Исто така списанието е достапно и во електронска верзија на епархискиот веб-сајт www.mpcaus.org.

Нека овој наш скромен труд биде во слава на нашиот Бог – Пресвета Троица. Се надеваме дека барем со мислите за миг ќе успееме да Ве префрлиме во настанот на Сретението Господово и дека ќе успеете да ја поделите радоста Симееонова, заради средбатата со младенецот Христос.

Ви посакувамe духовно насладување, просветление и со Бога сретение, читајќи го четвртиот број на „Православие“.

Со почит,

Епархиски црковно – просветен совет (ЕЦПС)

 

Како што можевте да прочитате од Предговорот – овој четврти број на црковниот гласник е посветен на празникот Сретение Господово, а посебен акцент е ставено и на темата за Богопознанието.

 

Во овој број ќе читате:

– Предговор:

    До читателите на списанието „Православие“ – Епархиски – црковно просветен совет (ЕЦПС)

– Беседи:

    Беседа за празникот Сретение Господово – Митрополит г. Тимотеј

– Догматика:

    Богопознание – П. Богословски

– Литургиско богословие:

 Литургија на претходноосветени дарови – Архимандрит Гаврил (Галев)

– Современо богословие:

 Црквата и нејзиниот идентитет (1 дел) – Епископ Браничевски д-р Игнатиј

– Житија на светиите:

    Житие на преподобниот Јоаникиј Ракотински – Архимандрит Гаврил (Галев)
    Venerable Joanikij of Rakotnica the biography – Father Gabriel (Galev)
    Свети Три светители – Др. Ананија Ананиевски

– Поуки:

    Молитвата – најдобар начин да го градиме односот со другите – Јеромонах Г.
    За славењето на свети Трифун и свети Валентин – Ѓакон Димитар Арсовски

– Детско катче:

    Пред ликот на Пресвета Богородица – Протојереј Чедомир Илиевски

– Црковна историја:

    Илинденското сонце ги грее лицата на Македонците ширум Австралија (2 дел) – Кире Циревски

– Црковна уметност и архитектура:

    За иконата на Сретението Господово – Монах Григориј (Круг)

– Репортажа:

    Марковиот манастир „Свети вмч. Димитриј Солунски“ – Игуманија Илијана (Илкова)

– Вести и настани:

     Делегација од Австралиско-сиднејската епархија присуствуваше на премиерата на духовниот концерт „Цела ноќ бдение“ (12. 11. 2017) – Информативна служба
    Духовна академија по повод големиот јубилеј „50 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква (1967-2017)“ во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Мелбурн (02. 12. 2017) – Презвитер Климент Станковски
    Света Божествена Литургија и голем собир во црковната општина „Свети Климент Охридски“ во Канбера (08. 12. 2017) – Јовица Ѓорѓовски
    Голем собир во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (10. 12. 2017) – Силвана Ѓоргиев
    Пристигна новиот парохиски свештеник во Црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (12. 12. 2017) – Кире Циревски
    Делегација од Австралиско-сиднејскат епархија при МПЦ-ОА присуствуваше на Интронизацијата на епископот г. Василиос за нов Митрополит на Антиохиската епархија за Австралија, Нов Зеланд и Филипини (16 и 18. 12. 2017) – Александар Младеновски
    Tоржествено прославен празникот Свети Никола во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (19. 12. 2017) – Кире Циревски
    Нов парохиски свештеник во Црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (25. 12. 2017) – Др. Ананија Ананиевски
    Едноцрквие за празникот на Свети Спиридон, еп. Тримифунтски во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, Мелбурн (25. 12. 2017) – Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински
    Торжествено прославен споменот на новоканонизираниот преподобен отец наш свети Гаврил, епископ Велички во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (12. 01. 2018) – Силвана Ѓоргиев
    Донаторска вечер на македонската заедница од Квинбијан и Канбера (14. 01. 2018) – Информативна служба
    Свечено прославен свети Василиј Велики во црковната општина „Пресвета Богородица и свети Георгиј“ во Епинг (14. 01. 2018) – Информативна служба
    Богојавление во храмот „Света вмч. Недела“ во Голд Кост (19. 01. 2018) – Лазар Спировски
    Божикнa галерија: Рождество Христово – Божик низ храмовите на Австралиско-сиднејската епархија – Информативна служба
    Богојавленска галерија: Крштение на Господ Исус Христос на реката Јордан – Богојавление низ храмовите на Австралиско-сиднејската епархија – Информативна служба

 – МОYA:

    Во организација на Македонската православна младина (МОYA) во манастирот во Кинг Лејк се одржа 11-от по ред Македонски православен семинар (23. 12. 2017) – Даниела Затаракоска
     MOYA Seminar XI – Daniela Zatarakoska
    Предавање на 11-от MOYA семинар: Православната црква во современиот свет (проблеми, решенија, предизвици) – Презвитер Владо Недески
    Lecture at 11th Moya seminar: Orthodox Church in the modern societies (problems, solutions and issues) – Father Vlado Nedeski

– Прашања и одговори:

     На кој начин можеме да дојдеме до познание на Бога во нашиот живот? – Архимандрит Гаврил (Галев)

– Помесни православни цркви:

    The New Metropolitan – Sayedna Basilios – Aleksandar Mladenovski

– Изданија:

–           Се отпечати книгата „Света Божествена Литургија на свети Јован Златоуст“ – Хорска верзија / The Divine Liturgy of the saint Jonh Chrysostom – Choir version (20. 12. 2017) – Епархиски црковно-просветен совет (ЕЦПС)

–           Ново списание во МПЦ-ОА, во издание на Австралиско-сиднејската епархија излезе од печат периодиката „Кинонија“ (22. 12. 2017) – Епархиски црковно-просветен совет (ЕЦПС)

Во овој број особено е важно да се спомне за рубриката – Интервју, која излезе како специјален додаток со овој број. Првото интервју за нашето списание го направивме со Неговото Високопреподобие, Архимандритот Гаврил (Галев) по повод неговиот голем јубилеј 20 години од ракополагањето во јеромонашки чин. Интервјуто излезе како додаток на списанието и истото е двојазично – на македонски и на англиски јазик.

Интервју

Да ги надминеме сите наши непријатности и да погледнеме нанапред (Интервју со Неговото Високопреподобие Архимандритот Гаврил (Галев), игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк) – Разговарал: Др. Ананија Ананиевски / Let’s overcome all our inconveniences and look ahead (An interview with His Right Reverend Archimandrite Gavril (Galev), abbot of the monastery “St. Clement of Ohrid” in King Lake – for the magazine „Orthodoxy“) – The interview was held by: Dr. Ananija Ananievski

 

Интервјуто можете да го прочитате и онлајн на нашата епархиска веб-страна http://mpcaus.org, но и слободно да го превземите на следниот линк: http://mpcaus.org/wp-content/uploads/spisanie/Intervju-dodatok.pdf.

Ви посакувамe духовно насладување и просветление, читајќи ги содржините од овој четврти број на „Православие“.

Списанието е бесплатно и можете да го најдете во сите храмови на Австралиско – сиднејската епархија, како и на  веб – страната на епархија http://mpcaus.org, ни и слободно да го превземите на следниот достапен линк: http://mpcaus.org/wp-content/uploads/spisanie/Pravoslavie-4.pdf.

Повеќе информации за списанието, како и сите Ваши забелешки, коментари, критики, пофалби да ни ги испраќате на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Некои од нив ќе бидат и јавно објавени.

„Православие“ претставува православно списание, кое сoдржи најразлични современи духовни теми, кои се поврзани со православната вера, култура и образование, кои се најнеопходни во црковната мисија за просветлување на православниот човек во Австралија. Исто така списанието содржи најнови вести од епархискиот живот. Тоа е плод на веќе низата проекти на Епархискиот црковно – просветен совет при епархијата.

На крај, на Редакцијата на списанието „Православие“ им честитаме и им посакуваме уште плодна и успешна работа во иднина и годините и списанијата да се множат.


Известува:

Информативна служба

http://mpcaus.org/izleze-od-pecat-noviot-cetvrti-broj-na-eparhiskoto-spisanie-pravoslavie/



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная