с. Љубанци, 14-ти март 2018 лето Господово- манастир на св. Никола

 

 Постот претставува корен на секоја добродетел и почеток на исполнувањето на Божјите заповеди...Постот и воздржанието им користат не само на добродетелите, туку и на побожноста; бидејќи постот мора да е проследен со воздржанието. Зошто? Затоа што, заситеноста од јадењата е пречка за очистителната жал и тага по Бог и смирението на срцето, коишто несклоноста за покајание ја преобратуваат во спасоносно покајание. Ограничувањата во храната и сонот, како и воздржувањето на сетилата, го смируваат срцето и го тераат да жали за гревовите.-

Cвети Григориј Палама

 

 

14 март 2018
Литургија на Претходноосветени дарови во манстирот на св. Никола, с.Љубанци

Во средата од четвртата седмица од Великиот Пост, на 14- ти  март 2018 г., во манастирот на св. Никола во село Љубанци, презвитер Горан Стојчевски отслужи  Литургија на Претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.

 

 

 

 

 

 

 

 

ПреминПортал (K.T)