ОБНОВЕНО

 

Скопје, 23-ти септември 2017 г.- Соборен храм на св. Климент Охридски

 

 

 

На Вечерната

Поставуваме 6 стиха и ги пееме подобните стихири
Глас 1: Радост на небесните чинови...


Пожелувајќи го градот што е на небото* и кој трае во веки, уште од младоста своја* сладостите светски си ги презирал* и крстот Исусов на рамо* си го подигнал, отче Јоаникие,* подражателу на преподобните.
На Пантелејмона, целебникот и бесребреникот,* си ја нашол обителта, како место за подвиг* и таму си се борел со послушание,* пост и постојана молитва,* што ти ја сладеа душата ревносна,* отче, на Господа благоугоден.
Копнеж врз копнеж во душата си напластувал* и си се борел, себлажен, низа години долги,* та Христос со плата ти возврати* - богатство добродетели,* покажувајќи те на верните правило* во светоста Јоаникие.

(извадок од книката „Преподобен Јоаникиј Ракотински)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Преминпортал (к.т.)