Скопје, 18- ти август 2017 год. -храм Рождество на Пресвета Богородица

 

 

На 18-- ти август 2017 година, кога МПЦ-ОА молитвено го прослави празникот на Светиот маченик Евсигниј,Светиот свештеномаченик Фавиј (Фавијан), папа Римски,сво храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, старешината на храмот о.Трајче Петковски во сослужение на  ѓаконот Методиј Митановски, отслужи  Божествена  Литургија ..На светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 

 

 

Благодатта ја крие својата присутност во оној што е крстен, чекајќи душата да ја посака. Кога пак, целиот човек наполно ќе се сврти кон Бог, тогаш во неискажливо доживување благодатта открива дека е присутна во срцето... Ако човекот почне да напредува држејќи се до заповедите и неуморно повикувајќи го Името на Господ Исус Христос, тогаш се разгорува огнот на божествената благодат до крајните граници на срцето, спалувајќи го јасно и видливо целиот какол на земјата на човековото битие...Свети Дијадох, епископ Фотикиски

 

 

Од вчера (18.08.2017), во поголемите храмови на Скопска епархија пуштен е во продажба магазинот Премин.

Преминпортал (к.т.)