Врвен, главен момент во Христијанската теологија е настанот на Воскресението Христово. Празникот над празниците, надежта и светлината за милиони жители на планетата, кој, сепак, во последниве векови, поради промената на календарот, од страна на христијанските Цркви, конфесии и заедници, се слави на различни датуми. Во тековната 2017 година, според календарското совпаѓање, Светата Пасха се славеше истовремено од сите во неделата на 16 април.

Интерпарламентарното Собрание на Православието (Δ.Σ.Ο.), сакајќи да го одбележи овој случаен, но толку симболичен настан на заедничко празнување, како и да допринеси во обидите за изнаоѓање начин на заедничко празнување на овој централен празник во христијанската хеортологија, одлучи да објави меѓународен конкурс од областа на иконографијата (icon painting competition), на тема: „ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО“.

Наградите на конкурсот изнесуваат:
I награда – 3000 евра;
II награда – 2000 евра;
III награда – 1000 евра;
и две утешни награди од по 500 евра.

Петмината наградени ќе бидат поканети и гостољубиво пречекани во градот во кој ќе се одржи генералното годишно собрание на ΔΣΟ, во месец јуни 2018 година. Овој настан ќе се совпадне со 25-годишнината од создавањето на ΔΣΟ. Таму ќе биде официјално отворена изложбата и ќе бидат доделени наградите за победниците. На изложбата, како и во двотомното дело што ќе биде издадено, ќе се спомнат имињата на сите автори – учесници во овај конкурс.

Учеството на конкурсот е бесплатно, а рокот на пријавување е до 30 јули.
Исто така, сите потребни информации и детали за пријавувањето и карактерот на конкурсот, можете да ги прочитате на следниов линк, што е достапен на неколку странски јазици:

http://eiao.org/contest/index.html

Заинтересираните можат да се обратат и до м-р Горан Трпчевски по пат на електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Преземено д: Бигорски манастир