Возобновување на црква Св. Димитрија - плоштад Охрид
Според кажувањето на г. Благојче Вељановски, со благослов на Митрополитот Дебарско- кичевски и Плаошки г. Тимотеј, пред три години формиран е иницијативен одбор за возобновување на црквата Св. Димитрија – градски плоштад Охрид, и конституиран е исто и црковен одбор. Според проект, основата на црквата е со димензии: 17,5 м во должина, 12,5 м во широчина, на две висини и плус петте куполи и камбанарија со градски саат. Ваквата димензионираност се базира на преданијата за изгледот на старата црква, а проектот го има изработено архитектот Ристо Андоноски.
Старата ранохристијанска црква св. Димитрија била изградена во VI век, и постоела до доаѓањето на турците, во XIII – XIV ја срушиле и врз темелите изградиле џамија, која постоеше до 1947 година.
„Во 1961 година археолозите, Вера Битракова и Елена Чипанова при истржувањето на темелите утврдиле дека тука била црквата, а пронајдена е и иконата на Св. Димитрија и средишниот мермерен столб. Параклисов е изграден врз местото на нејзините темели.“
Во параклисот
се слуша прекрасното византијско црковно пеење на презвитера Дивна Љубоевиќ.
|
|
|
ВЕЛИКО
СЛАВОСЛОВИЕ
|
|
|
БОГОРОДИЧЕН ВОСКРЕСЕН ТРОПАР - 1 глас |
пп