01.jpg

22 октомври / 04 ноември 2016 лето Господово

03.jpg

05.jpg

06.jpg

Среде овие релативно топли есенски денови, невообичаени за доцна есен, Рајчичката света Обител е во екот на интензивно градење, како резултат на зголемените потреби на сестринството во последните неколку години. Но за да се постигне ова, Обителта мораше да помине низ еден подолг период на подготовки со купување на земјиште и создавање на услови за денешното проширување. Затоа радоста на сестринството е неизмерна, гледајќи како пред нивните очи манастирот постепено го преобразува и разубавува својот лик, и излегува од своите ѕидини во местото каде што веќе е во тек изградбата на новиот конак, за што најголема заслуга, покрај бројните дарители, има нашиот ктитор г – ѓа Елена Пандева, директор на модната куќа „Ел Креатив“ и на градежното претпријатие „Жикол“. Насекаде просторот се уредува и облагородува, па ете и пчеларникот доби свој нов простор на живописната висорамнина во непосредна близина на манастирот.


Во контекст на ова, би сакале да ја изразиме својата најсрдечна благодарност кон сите оние, кои во последниов период се вклучија со својот доброволен труд за да се направи овој проект, не штедејќи ги ни малку своето време и своите сили и стекнувајќи го така штедро излеаниот благослов на Великомаченикот и Победоносец Георгиј. Беше толку прекрасно да се гледа како нашите верници, и стари и млади подеднакво, од различни градови на нашата Татковина работеа здружено и пожртвувано за на пчеларникот да му го дадат денешниот убав лик.

Нека Светиот Великомаченик Георгиј ги следи со своите молитви во текот на целиот нивен живот, запазувајќи ги од искушенија и јакнејќи ги во верата, за да можеме и понатаму да се радуваме на благословените плодови од нивниот богоугоден труд.

 12.jpg

 17.jpg

21.jpg

24.jpg

 25.jpg

26.jpg

27.jpg

28.jpg

29.jpg

Извор: Бигорски манастир