Oфицијална програма на шестата по ред
СЕДМИЦА НА СВЕТОТО ПИСМО 2016,
од 19 до 26 јуни
------------
општа тема: „ЦРКВАТА И СВЕТОТО ПИСМО - сведоци и заштитници на ВИСТИНАТА“
============
19 јуни 2016, Недела, од 19 часот во салата на Универзитетот за туризам и менаџмент (спроти Лептокарија) - СВЕЧЕНО ОТВАРАЊЕ!
На свеченото отварање посетителите ќе бидат запознати со овогодинешната програма на Седмицата, ќе биде промовирана интернет емисијата за православната христијанска вера и духовност „Училиште за Животот“, односно, последната емисија на тема: Црквата, Новозаветен народ Божји; Ќе се проговори и на темата: „ЦРКВА, мисија, медиуми, општествена активност, можности“
Библиското здружение на Р. Македонија ќе подели Свети Писма и друга литература!
============
20 јуни 2016, Понеделник, од 18 и 30 часот во салата на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“,
предавање на тема:
„Црквата на живиот Бог, столб и тврдина на вистината“;
предавач: епископ Хераклејски г. Климент
============
21 јуни 2016, Вторник, од 18 и 30 часот во салата на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“,
предавање на тема:
„За употребата и злоупотребата на Светото Писмо – низ призма на Светото Писмо!“
предавач: презвитер ИвицаТодоров
============
22 јуни 2016, Среда, од 18 и 30 часот во салата на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“,
предавање на тема:
„За правилното и неправилното разбирање на Црквата – низ призма на Светото Писмо!“
предавач: презвитер ИвицаТодоров
============
23 јуни 2016, Четврток, од 18 и 30 часот во салата на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“,
трибина на тема:
„Како да ја препознаеме вистинската Црква?“
воведничари во темата:
игумен Фотиј Беровски, презвитер Горан Тасевски и презвитер Бобан Митевски