Согласно традиционалната повеќегодишна пракса по изведување часови по веронаука, така и изминатава недела верниците од црковната општина при црквата Свети великомаченик Георгиј, по завршувањето на Боженствената Литургија присуствуваа на предавање на тема злите духови.


  


Според вероучителот Ивановски, луѓето во светот често пати не познавајќи ги делата сатански, лесно ги вршат и стапуваат во допир со врвното зло кое ги разорува нивните души и тела, иако делувањето на сатаната понекогаш е под велот на ангел на светлината. " Во таква замка се луѓето кои веруваат на бајачите, биоенергетичарите, астролозите, оние кои вршат разни суеверни акти потикнати од сатаната, а преку неговите слуги, итн.

(повеќе)