логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Prechistanski

 27/03/2015   Поуки - совети

Среде природните убавини во подножјето на планината Цоцан, на местото наречено Врвој, Пресветата Владичица наша Богородица благоволила да си издигне прекрасен дом – манастирот „Пречиста ‒ Кичевска“, посветен на светото Благовештение. Оваа света обител, со братство од 15 црнорисци, кон средината на XVI век била извор на жива вода што го напојувалa верниот православен народ со благодатта на Светиот Дух.

Во тоа навистина немирно и тешко време, поради агарјанското ропство на православните земји, преподобните отци биле крепост на напатениот народ од поблиската и подалечната околина. Овие блескави потомци на свети Климент биле благоухан мирис што се ширел на сите страни за утеха, радост и спасение на чедата Божји.
Но вистинити се зборовите дека сите што сакаат да живеат побожно во Христа Исуса ќе бидат гонети (2 Тим. 3, 12). И ете, се кренале синовите на беззаконието, тие диви ѕверови, против пречистанските праведници, зашто нивната слава била укор и осуда за нечестивиот агарјански живот. Се подигнале стрелите на зависта и се распалил огнот на негодувањето кај разобличените. Така, во едно рано утро, на 27от ден од месец март, 1558 лето Господово, насилничкиот османлиски аскер сета своја јарост ја насочил кон невината света Богородична обител. Браќата, заедно со присутните мирјани, биле собрани, како и обично, во храмот на заедничка молитва. Била петтата недела од Великиот пост, посветена на преподобната мајка наша Марија Египетска – тој прекрасен сведок на покајанието во Православието, на светлите и животворни плодови што ги раѓа оваа непроценлива, богодарувана добродетел. Вкусувајќи од овие благопријатни духовни плодови, монасите со верниот народ се подготвувале за претстојната Седмица на сечесните Страдања на нашиот Господ Исус Христос, за најпосле да го прослават споменот за највозвишениот, совршено богочовекољубив настан, со кој е спасен паднатиот човечки род – Воскресението Христово.

Но Божјата семилостива промисла не допуштила некои од пречистанските отци да се поклонат на светлото Христово Воскресение овде на земјата, земајќи ги во своето Божествено царство, за таму уште порадосно да ликуваат заедно со ангелите и праведниците. Така велелепната и раскошна обител на Пресвета Богородица – Пречиста, се украси со уште три рајски крина, чиј подвиг ќе стане симбол за вистинското и непоколебливо исповедање на верата Христова. Имињата на овие три небесни цветови се: Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј.

Во часот кога од певницата, со умилен молитвен глас бавно прозвучила херувимската песна, отец Аверкиј, којшто морал да исполни некое послушание надвор, како воден од ангел Господов втрчал во храмот и известил дека кон манастирот се приближува многуброен, злонамерен османлиски аскер, дишејќи со закана за пустошење на светата обител. Одеднаш настанал голем смут, а силен ненадеен страв како студена, железна рака ги стегнал срцата на богомолците. Тогаш кроткиот, смиреномудар и богоносен старец, преподобниот отец Евнувиј, излегол пред Царските двери и преизобилно вдахновен од Светиот Дух, почнал да ги советува браќата и верниците да бидат бодри и да не се плашат:

‒ Отци свети, возљубени браќа и сестри! Божествениот Павле, таа уста Христова, нѐ поучува: Сите оние што се управуваат по Духот Божји, се синови Божји; зашто вие не примивте дух на ропство, за да бидете во страв, туку Го примивте Духот на посинувањето, преку Кого велиме: „Ава Оче!“ Самиот Дух му сведочи на нашиот дух дека ние сме чеда Божји. А ако сме, пак, чеда, ние сме и наследници: наследници на Бога и сонаследници Христови, та ако со Него страдаме, со Него и да се прославиме. Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо во однос на славата која треба да се открие во нас (Рим. 8, 14-18). Затоа и јас ви кажувам заедно со Апостолот: вие кои сте подготвени со духот да примите маченички венец, останете заедно со мене во светата обител, а вие останатите, скријте се во шумата, довршете ја Божествената литургија и почекајте сѐ додека не помине гневот агарјански, принесувајќи молитви кон премилостивиот Бог, да нѐ поткрепи со благодатна помош во ова искушение и да ги спаси душите наши.

Тогаш свештенослужителот, земајќи ја со страв Божји чашата Господова, заедно со уште единаесет монаси и мирјаните, заминале кон северната страна на манастирот, пронашле некое безбедно место во шумата и ја довршиле таму Божествената литургија, причестувајќи се со Телото и Крвта Христови.

А совршено чистите и подготвени за маченички подвиг, светите преподобни и богоносни отци наши Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, презирајќи ја смртта, храбро и со радост ја прифатиле чашата на маченичката смрт, што им ја подала сечистата Богомајка. Опкружени од сите страни од иноверниот непријател, тие ги упатиле последните молитви кон нашиот Владика и Господ Исус Христос, Единородниот Син и Словото Божјо, Кој како непорочно јагне, Самиот се дал Себеси на заколение за човечкиот род. И откако најрешително одбиле да се приклонат кон иноверното учење и пред разбеснетите Агарјани непоколебливо ја исповедале својата силна вера во Спасителот Христос, биле подложени на страшни измачувања и примиле маченички венец со отсекување на нивните божествени глави.

Скриените монаси и верници, по заминувањето на агарјанските злосторници, со страв, тага и горчлива загриженост поради неизвесноста, внимателно тргнале назад кон светиот манастир. Во воздухот се ширел мирис на чад и палеж, а набргу се забележале и големи огнени јазици, кренати над манастирот. Кога стигнале на самото место, пред нивните очи се открила страшна и трогателна глетка: огнениот столб немилосрдно и неповратно го голтал она што било останато од Благовештенскиот храм. А наоколу ‒ урнатини и расфрлани предмети.

На местото Господинец, близу манастирската чешма, монасите ги пронашле телата на тројцата свети старци и нивни духовни учители. Сите биле обземени од некакво необично и неописливо чувство. Всушност, тоа било еден чуден сплет на радост и тага, проследен со плачење и ридање. Радост – поради тоа што нивната обител, верниот народ и Црквата, воопшто, како Тело Христово, се збогатија со три нови, свети преподобномаченици, нивни застапници пред Тронот на Пресветата Троица. А плачење, ридање и голема тага – затоа што биле лишени од скапоцената татковска љубов и грижа и од старечките преслатки беседи.

Сеопштото ридание и оплакување продолжило и во текот на ноќта, и следниот ден. Сите селани од околните села се собрале за да ја споделат болката со осиротеното и обездомено братство. Притоа, со стравопочит и солзи во очите, тие им се поклонувале и ги целивале телата на светите преподобномаченици. Дури во попладневните часови, сепреподобниот чреден јеромонах го извршил, според обичајот, опелото над светите мошти.

Преподобното Пречистанско братство овој злосторнички чин не го прифатило само како искушение, туку и како Божји благослов и голем дар од премилостивата Благодетелка наша, Пресветата Богородица. Иако црковниот храм исчезнал во виорот на огнениот столб, благословот на Небесната Царица воопшто не бил одземен од ова свето место. Напротив, наместо светата чесна трпеза од олтарот во храмот, тие ги добиле светите гробови на новопрославените преподобномаченици. Овој жив и бесценет олтар, осветен со чесната маченичка крв, уште повеќе ги зацврстил темелите на Благовештенскиот храм на Пречистата Богомајка. И не само овие темели, туку и темелната определба на светото братство и на православниот народ во нашата татковина, непоколебливо и беспоштедно да Му служат на Троединиот Бог.

Со благословот и силното молитвено застапништво на светите тројца преподобномаченици, и под покровителство на Пресвета Богородица, светата обител не се распуштила, туку продолжила со својата монашко – евангелска просветна дејност. Под раководство на сепреподобниот отец Герман, за шест години бил изѕидан нов храм од камен. Таков бил подвигот, страдањето и преминот во вечниот живот на светите отци наши и преподобномаченици: Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј. По нивните свети молитви, Господи Исусе Христе чувај ја татковината наша и спаси ги нашите души, дарувајќи ни голема милост. Амин!

Крај и слава Му на Бога!

Извор. Преспанско- пелагониска епархија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная