Старечник

Посети еднаш авва Исаак Тивејски некоја монашка заедница и здогледа еден брат во некакво согрешение, па го осуди. А кога излезе во пустината, дојде ангел Господов и застана пред вратата од неговата келија, велејќи: „Нема да те пуштам да влезеш.“ А тој почна да го моли: „За што се работи?“ Одговарајќи, ангелот му рече: „Бог ме испрати велејќи: „Прашај го каде заповедаш да го фрлам грешниот брат што го осуди?“ Овој веднаш се покаја, па рече: „Згрешив, прости ми.“ А ангелот рече: „Стани, Бог ти прости. Чувај се, пак, во иднина да не осудуваш никого пред Бог да го осуди.“